20.6.07

Ај да се заштитиме!

Сликата е од Дарко Христов

Другите присутни веројтано ќе раскажат повеќе за она што се случуваше вчера на промоцијата на Creative Commons за Македонија.
Еве што мене ми остави впечаток:
  • Добиваме договор меѓу Авторот и Корисникот на Македонски јазик прилагоден на нашиот правен систем и употреблив пред судот со вредност на пишуван/потпишан договор.
  • Предавачите Неда Здравева, Деси Пефева и Јоичи Ито се претставија како обични луѓе кои го говорат јазикот на народот.
  • И покрај „тристате“ титули и функции Јоичи Ито е фин, лежерен тип кој си дојде облечен неформално и си зборуваше природно, како што и очекував од Јапонец.
  • Разбрав дека кај нас главното прилагодување било затоа што нашиот правен систем познава морално и материјално право, а американскиот само материјално т.е. Америка не познава/признава морално право.
Можеби нивното е пореално ама нашето ми е почовечно и ми се допаѓа повеќе.

2 comments:

дамјан said...

Тоа со моралните права звучи ок, ама у суштина е преголемо комплицирање.

Преголемо копмлицирање во закон не е на добро ... тоа е систем во кој само адвокатите се среќни (затоа што ќе имаат работа, не дека ќе бидат послободни).

Него, што сакаш да кажеш со насловот „ Ај да се заштитиме!“ ???

Струмјан said...

Па отприлика тоа беше мотото на промоцијата, а јас така го оформив со „задна“ намера да алудира на нешто друго покондомастично, па да привлече повеќе читатели :)