25/06/2007

Деф, дев

бегај! Деф од тука!

Полудев - полузабегав
Излудев - забегав до крај.

Вардар

в - во
ар - земја
дар - подарок
Во земја подарок, а тоа и е Вардар - дар за земјоделците.

Аксиос

ак - глава, најдобриот дел (конечно му доака, му дојде до акот, му ја скина главата)
си
ос - оска
Центар на главата, што Аксиос (Вардар) и е - центар на главата на Македонската земја.

21/06/2007

Александар

Ал - Бог
е
к - како
сан - сон, сонуван
дар - подарок

Од Бога како сонуван дар.

А потврда е и

Искандар - посакуван дар.

Амен, амин, аман

а - рамнотежа
мен - мене
мин - од помин, минување
ман - дух

Врамнотежи ми ја душата, Боже.

Врамнотежи ме, Боже.

Нека е со помин, Боже.

Арслан

ар - земја
слан - пратен
сл`н - сонце

Пратен на Земјата од Сонцето или само Земја на Сонцето или Сончева Земја.
А бидејќи зодијачки Сонцето е владетел на Лав логичен е изборот на лав за грб (другата страна на владетелот) и за препознавање на поимот арслан како лав.

18/06/2007

Аждер

а - рамнотежа
ждер - изедувач

Демонски змеј, уништувач на рамнотежата, на доброто.

Ала

а - рамнотежа
ла - обратно од Бог

Бог на нерамнотежата, Змеј против рамнотежата, против доброто.
Но и може да се подели на:
ал - Бог
а - рамнотежа

или Бог на рамнотежата, на доброто.
А во нашите приказни неретко алата е всушност позитивен лик.

Фараон

фа - срцева чакра
ра - светлина
он - тој

Срцевата светлина е Он или Срцето на светлината е Он.

17/06/2007

Аристократ

- голем земјопоседник
ар - земја; ари - земји
сто - број, 100
крат - пат, пати
стократ - стократно

Значи, стократно повеќе земја има Аристократот од обичниот Ариј.

Ариј

- земјопоседник, земјообработувач
ар - земја
риј - копај!

Човек кој што е едно ниво погоре од оние кои не обработуваат земја.

Македонски кодови

Во оваа област ќе објавувам малку поинакви толкувања на зборовите за кои мислиме дека знаеме што значат и, уште полошо, мислиме дека не се наши.
Во секој јазик може да се најде нитка која води до прапочетокот, до предвавилонскиот јазик, до првобитниот заеднички јазик на целото човештво.
Дали е тој најсличен, најблизок, ист со денешниот наш Македонски јазик?
Тоа го загатнуваат и „Едни Македонци“ во „Македонски речникот на зборови со езотерични кодови“.
Јас само се „навлеков“ на таа теорија и ова се моите придонеси. Истите им ги испратив и на „Едни Македонци“ кои требаше да ги употребат во второто издание. Дај Боже!

Моите текстови за музика

Еве ги на купче, па кој сака може да ги слуша а со клик на насловот и да ги чита :)
Ако некому му се допѓаат и има потреба од текст за сопствената музика слободно нека ме контактира на: strumjan(at)gmail.com
Ќе се договориме.


Љубовта е чудо
Тамара Кичукова
Песната ни е сé
Октет „Куманово“
Тагата што е?
Виолета Митева
Мојата тага
Гоце Арнаудов и група„Крик“
Ноќна песна
Ѓокица Лукаревски
Никогаш
Наум Петрески

08/06/2007

Љубовта е чудо

Исполнува: Тамара Кичукова
музика: Ванчо Димитров
текст: Илија Илиев

Што ли знак е тоа, што те мачи што те грее?
Срцето ти игра, игра те залажува.
Дали знаеш што е тоа образ што ти вцрвува?
Што е тоа што те кочи, мисли што ти здрвува?

рефрен:
Љубовта е чудо, сè се чини лудо,
сè што правиш ти.
Љубовта е чудо, зарем не е лудо,
не си што си бил.

Што ли знак е тоа што те мачи, што те грее?
Срцето ти чука, чука за да излета?
Дали знаеш што е тоа в срце што ти трепери?
Што е тоа што те тера да ги симнеш сите ѕвезди?


Ако Ви се допаѓаат текстовите слободно можете да нарачате на мојот имејл: strumjan(na)gmail.com

Песната ни е сé


Исполнува: Октет „Куманово“
музика: Ванчо Димитров
текст: Илија Илиев

Песна од душата,
безброј пати пеана,
животот наш со неа
ни е полесен.
Сè што сме сакале,
сè што сме мислеле,
сè што правевме,
сè во песна е.
Многу се спомени,
многу убавини,
многу и смеата,
сè е песната.

рефрен:
Да се пее песна стара,
срца наши да ни разгали,
од неа ко живот извира - љубовта,
сè што допре запролетува.


Песна од душата,
безброј пати пеана,
животот наш со неа
ни е полесен.
И сè што сакаме,
и сè што мислиме,
и сè што правиме,
сè во песната.


Ако Ви се допаѓаат текстовите слободно можете да нарачате на мојот имејл: strumjan(na)gmail.com

Тагата што е?


Исполнува: Виолета Митева
музика: Ванчо Димитров
текст: Илија Илиев

В гради ти расте дрво – врба е жалосна,
гранки над срце ти свила чиниш го покрила.
Ти доаѓа нож да земеш и да го зариеш
длабоко сè до срце – гранки да пресечеш.


рефрен:
Тагата колку боли
нема кој не сетил,
некој во твојот живот да бил
па те напуштил.


В гради ти расте врба срце ти покрила,
ти доаѓа нож да земеш гранки да пресечеш.
Од гранки со ножот потем свирки да направиш
преку нив за да можеш гласно да зајачиш.

рефрен:
Тагата колку боли
нема кој не сетил,
некој во твојот живот да бил
па те напуштил.

Некој во твојот живот да бил
пустош да направил.


Ако Ви се допаѓаат текстовите слободно можете да нарачате на мојот имејл: strumjan(na)gmail.com

06/06/2007

Мојата тага

Исполнува: Гоце Арнаудов и група„Крик“
музика: Ванчо Димитров
текст: Илија Илиев

Небо мојте солзи ти ги украде
и пред светот дождој ти ги нарече.
Ти со нив се фалиш, а јас полудувам
како ли без солзи да си тагувам?


рефрен: Мојата тага како Шара голема,
мојата болка ко Охрид длабока,
мојата душа ко плодна Струмица,
јадови раѓа – жали за неа.

Небо ќе се врати утре сонцето,
пак ќе бидеш ведро, пак насмеано,
јас пак живот в темно ќе одживеам,
немоќен за друго ќе си тагувам.


рефрен: Мојата тага како Шара голема,
мојата болка ко Охрид длабока,
мојата душа ко плодна Струмица,
јадови раѓа – жали за неа.

Времето топи, топи шарски снегови,
времето мири, мири води охридски,
душава моја ко плодна Струмица,
јадови раѓа – жали за неа.


Ако Ви се допаѓаат текстовите слободно можете да нарачате на мојот имејл: strumjan(na)gmail.com

Ноќна песна

Исполнува: Ѓокица Лукаревски
музика: Ванчо Димитров
текст: Илија Илиев

Не гледај ме веќе ноќва, ај батали ме
слаб сум душо немам сили да се галиме.
Ете еднаш сторив гајрет се згрваливме
Зошто пак за тоа збориш, зошто душичке?


рефрен: Молчи, молчи, чуму зборење
и од очи ти се гледа дека малку е.
Молчи молчи, ич не зборувај,
сé се плашам да не речеш: Уште еднаш ај!


Цел ден јас по туѓи ниви младост оставам,
сега слаб сум, немам сили да те усреќам.
Ете еднаш сторив гајрет се згрваливме,
душа уште сака ама снага не може.



Ако Ви се допаѓаат текстовите слободно можете да нарачате на мојот имејл: strumjan(na)gmail.com

Никогаш

Исполнува: Наум Петрески
музика: Тоде Новачевски
текст: Андреа Дарин и Илија Илиев Струмјан

Цела вечност како да ми помина,
цела вечност откако ми замина,
уште мене ова време не ме менува,
уште иста, иста рана ми останува.

рефрен:
Никогаш да не дознаеш,
како е сам да останеш,
и да немаш, како мене, ден по ноќите,
овој живот, како мене, да те одмине!

Таго моја не знам како без тебе,
таго моја, како ќе се живее?
Кога мислам „друг те буди“ - солза навира,
кога гледам - друг те љуби - ми се умира.



Појаснување: Андреа Дарин е всушност мојата покојна мајка.