20/08/2007

Илинизам

наука за Бог

Тоа ширел Александар!

Илини

Му припаѓаат на Или (Бог)

Божји луѓе

Илиос

или - Бог
ос - оска

Бог е оска на сé!

Фили

ф - в, во
или - Бог

Во Бога.

Мојсеј

мој
сеј

Дали тоа име му го дал Бог кој го посеал?

17/08/2007

Питагора

пита-прашува, моли
гора

зар не ја прашувал (питал) гората за одговори? Како и Мојсеј кој бара одговори во гората кај што свети Он (Сион)

Синагога

син
на - едното н се губи по звучност
Гога

но и

си - му припаѓаш
на
Гога

Та нели Исус вели дека не може човек да му служи и на Гога и на Магога?!

Сион

Си - си (ти си) но и сјае
он

16/08/2007

Осум

ос - оска
ум
Кај оската на умот е интересно дека денешните умови - компјутерите се базираат на 8 т.е оската на умот на компјутерот ја мериме во бајтови, а еден бајт = 8 бита.

Гламја

г - ѓоа
ламја
Црно како ламјата.

Календар

кален - земјин, од кал
дар
По тој подарок Земјаните, луѓето од кал направени, почнале да бидуваат поорганизирани. Но исто така навестува и оти може да е земјин, човеков производ.

13/08/2007

Свадба како судба

Зар зборот „свадба“ не влече корени од „судба“? Зарем со свадбата не се одредува судбата на момчето и уште повеќе момата?
А нивната свадба беше и нешто поголемо. Ја одредуваше судбината на два, можеби три, големи народи. Судбината на барем половина свет.
Рим ја побара раката на Египет, рака која потекнува од Великата Македонија.
При такво мешање на судби ништо не е обично. Ниту веселбата, ниту гостите, ниту подароците.
Половина свет мораше да се весели, дури и оние на кои не им беше по волја таквата судба.
Цел свет своите претставници мораше да ги испрати како гости, пред создавањето на таквиот моќен судбен сојуз.
А како подароци - цели градови. Иако и така сé беше нивно, на свадбениците.
Ако свадбата ги споила како свадбеници-судбеници судени еден на друг, тогаш само таа, судбата, знае за сите нивни среќи и таги, љубови и лаги, радости и умирачки.
Сé друго што сте чуле или ќе чуете се само приказни за Клеопатра и Марко раскажани од луѓе кои се обидувале да ја толкуваат судбата.

10/08/2007

Коракесион

Почеток: Коракесио Акција: Поклони ми град Реакција: Си постоел градот одамна. Велат името му било забележано во антиката како Коракесион (Korakesion иако латинската преработка му била Coracesium, а денес е Алања). Тоа на Лувијски (јазик на населението во Анадолија) било KoraKassa што значи истурен, истакнат град. Да, таква му е позицијата. Она пак, Коракесион, за кое некои велат оти е старогрчки, а јас велам старомакедонски, би требало да е само прилагодба. Арно ама, нели е тоа и „Ко рак е сион“ или „Како рак е целиот“? Ај да ја погледнеме сликата на стариот град, односно исцртот:

а еве и слика на еден таков рак.
Колкава е сличноста оценете си Вие. Можеби ќе Ви помогне следнава мапа на градот од 1525 година која треба само да ја заротирате за 90 степени во лево и мислам дека е јасно.

Дали кога некој староМакедонец видел онавремски нацрт, скица, план, карта на градот извикал: „Ко рак е сион, ба си му ја!“ Е сега, тука се и претпоставките, прашањата: Дали можеби староМакедонците владееле некоја вештина на летање па го погледнале градот од високо и така им заличил? Или можеби имале пристап до нечии сателитски снимки? Дали Клеопатра обожувала ракчиња (добро де јастози)? Можеби затоа изборот на Марко Антониј за град-подарок паднал токму врз Коракесион? Но љубовните маки на Марко Антониј со нашата Клеопатра заслужуваат посебен пост да не речам дури и расказ.

09/08/2007

Калуѓери

Ка - земја
луѓе
ри - ра, светлина

Земјени луѓе на светлината, Луѓе на светлината пратени на Земјата.

Рептил

реп - опашка
тил

Од тилот натаму само опашка.

Предатор

Предавник, оној што извршил предавство. (змија)

Коракесио

Коракесио, град во Турција кој Марко Антонио и го подарил на Клеопатра

ко - како
рак
е
сио - сиот, целиот

Дали градот тогаш, а и сега, гледан на план, изгледал како рак?

Инкарнација

ин`к - инаку, поинаку
ар - земја
нација - народ

но и

арна - добра
ција - сија, свети, светлина.

Туку речи, баш опис на инкарнацијата.