Ете, си седите, одеднаш, којзнае зошто Ви текнува дека би било убаво да имате увид кој, што и зошто бил дел од Вашата фамилија. Од историски и културолошки причини, ама и од економски де. Што ако некој Ваш чукун дедо имал удел во основањето на некоја денес мултикомпанија?
Има еден куп начини да си направите семејно стебло, па да го прикажете или отпечатите, споделите..
Некои од нив бараат пари, но има и такви кои се слободни за користење, а притоа се одлични. Едноставни за користење, така што ќе можете да ги седнете и постарите од фамилијата пред компјутер да придонесат за создавање на стеблото.
Еве ги моите препораки:
Geni - веб страница, или модерно Веб 2.0 алатка, која Ви дозволува да креирате стебло кое ќе биде видливо единствено за членовите на Вашето семејство. Згодно е ако имате раштркани роднини по светов, па ќе можат тие оттаму да придонесат директно во создавањето.
Simple Family Tree - програмче кое, иако мало, овозможува да си направите стебло по сите светски стандарди. Излезниот формат му е Gedcom (GED), а тоа значи дека и ако имате некој роднина кој платил некој скап програм, Вие ќе можете да му ја пратите излезната датотека, а тој да ја дополни со негови податоци и повторно да Ви ја врати.
Ако немате попаметна работа, оддвојте време да запишете податоци за своето семејство. Вам може не Ви оставиле такво нешто, ама барем Вие започнете, оставете им на поколенијата податоци. Тие нека не ја започнуваат историјата од нула.
No comments:
Post a Comment