Зар зборот „свадба“ не влече корени од „судба“? Зарем со свадбата не се одредува судбата на момчето и уште повеќе момата?
А нивната свадба беше и нешто поголемо. Ја одредуваше судбината на два, можеби три, големи народи. Судбината на барем половина свет.
Рим ја побара раката на Египет, рака која потекнува од Великата Македонија.
При такво мешање на судби ништо не е обично. Ниту веселбата, ниту гостите, ниту подароците.
Половина свет мораше да се весели, дури и оние на кои не им беше по волја таквата судба.
Цел свет своите претставници мораше да ги испрати како гости, пред создавањето на таквиот моќен судбен сојуз.
А како подароци - цели градови. Иако и така сé беше нивно, на свадбениците.
Ако свадбата ги споила како свадбеници-судбеници судени еден на друг, тогаш само таа, судбата, знае за сите нивни среќи и таги, љубови и лаги, радости и умирачки.
Сé друго што сте чуле или ќе чуете се само приказни за Клеопатра и Марко раскажани од луѓе кои се обидувале да ја толкуваат судбата.
No comments:
Post a Comment