Говорејќи за извештајот од Европската комисија, вицепремиерката Габриела Коневска Трајковска, потсети дека (парафразирам) за исполнување на условите за влез во ЕУ потребно е со консензус, како за Законот за полиција, државава да донесе уште 311 закони.
Е супер, сега барем можеме да си пресметаме кога ќе нè примат во таа ЕУ. Ако знаеме дека Законот за полиција се тегавеше на 30 и кусур дневна расправа, лесно е да пресметаме дека, отприлика ќе ни требаат 311 месеци (26 години) за да биде сè по мерка на Европската комисија.
Значи 2006+26=2032!
Европо чекај нè, итаме кон тебе, ако тогаш сè уште постоиш!
(Објавено на 10.11.2006)