25/03/2012

Ми текна...

Ми текна оти, иако претседател на ПОМНИ (Партија на Озборувачи од Македонија „Независни интелектуалци“), треба нешто и јас да поработам. За почеток смислив имиња за мојата следна партија и за фирмата која ќе ја издржува истата.

Партијата ќе се нарекува:
Македонско
Аристократско
Движење за
Еконмска
Грандиозна
Обнова -
Лево
Ориентирани

а ќе се одзива на „Маде голо“

Фирмата, пак, ќе се нарекува:
Организација за
Давање
Интелектуални
Услуги
„Памет
Македонски“

или скратено „Оди у ПМ“.

Со ова сакам да нагласам дека секоја злоупотреба на имињата во иднина ќе се казнува.

(Објавено на 08.02.2006)