26/03/2012

Мило, непознато другарче...

Здраво!

Ако припаѓаш на групата екстремно богати и притоа немаш наследници;
Ако имаш замок и немаш наследници;
Ако сакаш да подариш повеќе милиони, но не на своите наследници;
Ако си на умирање и не знаеш што со богатството;
Ако си со добро здравје па сакаш од благодарност некого многу богато да наградиш;

Ако се препознаваш во претходните „ако“ тогаш, за да не го прекинеш синџирот на среќата, одговори ми на писмово и препрати го на уште 5 такви како тебе.

Ако не се најдеш во претходните „ако“ тогаш си како мене, па затоа игнорирај го писмово. 

Море, сепак, препрати го на 99 непознати, може ќе ми го продолжиш синџирот на среќата. 

Благодарам
Струмјан 

(Објавено на 13.12.2007) 

Коментари:
(виолетова 13 Декември, 2007 - 14:43) хаха, ни јас не сум во тие `ако`: имам екстремно богатство, ама имам и наследници 
(КIМI 13 Декември, 2007 - 14:50) хахаха, јас немам богатство али имам наследници... а ова не се важи, нели... 
(strumjan 13 Декември, 2007 - 14:56) Последната реченица од писмото важи и за двете :)