После оние Французине од Бордо правеа експерименти и утврдија оти 225 литарското буре е најтамам. Оти мало буре го нарекоа „барик“, а ние не им противречевме.
Што е финтата?
Токму во толкаво буре кога зрее виното ги прима најубаво, да не речам целосно, влијанијата од дрвото на бурето. Мешањето на аромите е целосно. Зреењето е комплетно. И тоа вино е она за кое важи поговорката колку постаро толку поубаво.
Не знам колку сум јасен, ако не е доволно читнете по нешто на нетов: тука и тука и тука.
Ама знам дека ќе ме разберете ако начекате шише „Вранец барик“ од Тиквеш.
Скокајте, бунете се оти и другите наши винарии имаат, ама колку да се знае: од сите увезени барик буриња во државава 6/7 (шест седмини) се во Тиквеш :)
Наздравје и крв да Ви се стори!
П.С. Некни, кога дојде ред да се служи „Вранец барик“ и кога енологот најави што се послужува, средовечната Американка, веќе под влијание на претходните пробани вина, забезекнато извика: Барак?! Обама?! Хиар?! Нау?!
По пробувањето утврди дека сепак требала да гласа за „Барик Вранец“ :)
(Објавено на 05.07.2009)
Коментари:
(partik1 6 Јули, 2009 - 00:57) Си можел да ја линкуваш средовечната Американка, ја имам со ќерка и’ фатено на кадро на блогспот. Еве: http://lpartikov.blogspot.com/2009/06/blog-post_29.html
(interpreter 6 Јули, 2009 - 08:31) Врана коња јавам ја
одам по на Тиквеш винатаааа
(strumjan 6 Јули, 2009 - 08:36) Интерпретер, ако немаш со што друго па и со коњ нека е – вреди :)
Партик1, фала за сведочењето, не ја линкав оти не сакав да се срами „кутрата“ :)
(xsizex 7 Јули, 2009 - 19:30) не се меша алкохол и политика, ако не ми верувате прашајте го Б со точка црвенковски
(strumjan 7 Јули, 2009 - 19:44) Б со Ц :)
Б за Барик
Ц за црвениот „Вранец“
Добра ти е идејата :)
(xSizEx 7 Јули, 2009 - 19:48) тебе или не ти се гледа или си удрен со мокар чорап или и двете
(strumjan 7 Јули, 2009 - 19:55) Чорап на жешково ни мокар! Значи другото ќе да е :)
(xSizEx 7 Јули, 2009 - 19:58) Немај мака од годините е, че ти помине
(Sbepot 7 Јули, 2009 - 21:25) Карактеристиката барик се однесува на вина што се чувани во нови дабови буриња (како што се гледа и од второто `тука`). Поздрав!
(oksimoron 7 Јули, 2009 - 21:40) Барик Обама Вранец.... вкусно! И во преносна и во вистинска смисла на зборот :)
Поздрав
(strumjan 7 Јули, 2009 - 21:44) Кога чита Ѕверот, Окси со Барик се „теши“ :)