Ми помина Осман бегот мила мајчице, умрев за него...
Опа, кај опева непријател па уште и се заљубува во него.
Сè си имам либе Димчо, само едно немам - од срце порода...
Ццц, едно нема а не пак до трето дете да стигне.
Три невесте тикве брале бре. Куде брале туј заспале бре...
За малку бре! Убаво што промовираат земјоделско производство, ама какво е тоа спиење, треба ли да се работи, да се сади и гради татковината? Какви тоа вредности ќе промовираме кај младите луѓе?
На 223 305 те чекам драга јави се...
Какво нарушување на редот, па секој вистински маж знае дека машкото треба да биде прв што ќе се јави. И, плус, што е тоа по цел ден на телефони, а учење, работа?
Никој Тодорка не позна дека е Тодорка девојка...
Што сака да каже, дека била грда, дека личела на машко? Ало ЛГБТ заедницо камо реакција?
Свет си мој, а ниту име не ти знам...
Како бре не знаеш, па нели „Едно име имаме, во душата го носиме...“? Всушност, имаме и едно привремено, ама тешко е за пеење. Ај здравје ќе го смениме, привремено де.
Зајди, зајди јасно сонце и ти јасна, ле, месечино...
Па добро, кај е патриотизмот тука?! Какво бре црно заоѓање на сонцето, нашиот вековен симбол? Па и месечината, а соживот?
...Набројте си примери по ваш избор...
Муабетот ми беше: Песниве, такви какви што се, си опстанале низ годините само затоа што се помалку или повеќе добри. И затоа што допреле до срцата кои ги зачувале за иднината.
Ако е нешто добро не му се потребни субвенции за да опстане. А за да направиш нешто добро треба Господ да ти даде, не владата.
No comments:
Post a Comment