06/06/2007

Никогаш

Исполнува: Наум Петрески
музика: Тоде Новачевски
текст: Андреа Дарин и Илија Илиев Струмјан

Цела вечност како да ми помина,
цела вечност откако ми замина,
уште мене ова време не ме менува,
уште иста, иста рана ми останува.

рефрен:
Никогаш да не дознаеш,
како е сам да останеш,
и да немаш, како мене, ден по ноќите,
овој живот, како мене, да те одмине!

Таго моја не знам како без тебе,
таго моја, како ќе се живее?
Кога мислам „друг те буди“ - солза навира,
кога гледам - друг те љуби - ми се умира.



Појаснување: Андреа Дарин е всушност мојата покојна мајка.

No comments: