Словенските апостоли, Светите Кирил и Методиј живеат во сознанието на Црквата, заедно со великото евангелизаторско дело, остварено од нив. Дури може да се каже дека споменот на нив денес е пожив и поактуелен. Имајќи ја предвид благонаклоната признателност која Светите Браќа од Солун (древниот Тесалоника) ја уживаат со векови, особено меѓу словенските народи, и сознавајќи го нивниот неоценлив придонес за објавувањето на Евангелието меѓу тие народи и, истовремено, за делото на помирувањето, за заедничкиот братски живот, за развојот на човештвото и за почитување на достоинството на секој народ, со Апостолското послание Egregiae Virtutis од 31 декември 1980 година јас ги прогласив Светите Кирил и Методиј за сопокровители на Европа. Така јас го продолжив патот трасиран од моите претходници и, особено, од Лав XIII кој пред повеќе од сто години, на 30 септември 1880 година го прошири култот кон двајцата Светители врз целата Црква со енцикличното послание кое започнува со зборовите Grande Munus и од Павле VI кој со Апостолското послание Pacis nuntius од 24 октомври 1964 година го прогласи Светиот Бенедикт за покровител на Европа.
Јован Павле II Енциклично послание За Словенските Апостоли 2 јули 1985
Не знам дали е јасно но Европа според Ватикан има тројца покровители: Свети Бенедикт и Светите Кирил и Методиј! Други нема!
За сите што не знаеле: Од 11 јануари 2001 Папата Јован Павле II а со тоа и целиот католички свет нé признаа како Македонија прогласувајќи го Апостолскиот егзархат во Македонија со источен (Византиски) обред. Само што ние тоа не знаеме да го искористиме, па на кој било светски лидер од католичка вероисповед (а ги има многу) да му речеме кој си ти да не нé признаваш како Македонија ако тоа го сторил Папата!
За „припростите“ новинари: Киро Стојанов е Апостолски егзарх на Македонија за верниците со источен (Византиски) обред, а Бискуп Скопски за верниците во Македонија кои припаѓаат на западниот обред.
Види и:
Пие XI, Послание Quod S. Cyrilum од 31 февруари 1927
(не најдов линк но цитиран е во Egregiae Virtutis)
Јован XXIII, Апостолско послание Magnifici eventus од 11 мај 1963
(не најдов линк но цитиран е во Egregiae Virtutis)
Павле VI, Апостолско послание Antiquae nobilitatis од 2 февруари 1969
Јован Павле II, Апостолско писмо Egregiae Virtutis 31 декември 1980
No comments:
Post a Comment