08/06/2007

Љубовта е чудо

Исполнува: Тамара Кичукова
музика: Ванчо Димитров
текст: Илија Илиев

Што ли знак е тоа, што те мачи што те грее?
Срцето ти игра, игра те залажува.
Дали знаеш што е тоа образ што ти вцрвува?
Што е тоа што те кочи, мисли што ти здрвува?

рефрен:
Љубовта е чудо, сè се чини лудо,
сè што правиш ти.
Љубовта е чудо, зарем не е лудо,
не си што си бил.

Што ли знак е тоа што те мачи, што те грее?
Срцето ти чука, чука за да излета?
Дали знаеш што е тоа в срце што ти трепери?
Што е тоа што те тера да ги симнеш сите ѕвезди?


Ако Ви се допаѓаат текстовите слободно можете да нарачате на мојот имејл: strumjan(na)gmail.com

No comments: