Исполнува: Октет „Куманово“
музика: Ванчо Димитров
текст: Илија Илиев
Песна од душата,
безброј пати пеана,
животот наш со неа
ни е полесен.
Сè што сме сакале,
сè што сме мислеле,
сè што правевме,
сè во песна е.
Многу се спомени,
многу убавини,
многу и смеата,
сè е песната.
рефрен:
Да се пее песна стара,
срца наши да ни разгали,
од неа ко живот извира - љубовта,
сè што допре запролетува.
Песна од душата,
безброј пати пеана,
животот наш со неа
ни е полесен.
И сè што сакаме,
и сè што мислиме,
и сè што правиме,
сè во песната.
Ако Ви се допаѓаат текстовите слободно можете да нарачате на мојот имејл: strumjan(na)gmail.com
No comments:
Post a Comment