Исполнува: Гоце Арнаудов и група„Крик“
музика: Ванчо Димитров
текст: Илија Илиев
музика: Ванчо Димитров
текст: Илија Илиев
Небо мојте солзи ти ги украде
и пред светот дождој ти ги нарече.
Ти со нив се фалиш, а јас полудувам
како ли без солзи да си тагувам?
рефрен: Мојата тага како Шара голема,
мојата болка ко Охрид длабока,
мојата душа ко плодна Струмица,
јадови раѓа – жали за неа.
Небо ќе се врати утре сонцето,
пак ќе бидеш ведро, пак насмеано,
јас пак живот в темно ќе одживеам,
немоќен за друго ќе си тагувам.
рефрен: Мојата тага како Шара голема,
мојата болка ко Охрид длабока,
мојата душа ко плодна Струмица,
јадови раѓа – жали за неа.
Времето топи, топи шарски снегови,
времето мири, мири води охридски,
душава моја ко плодна Струмица,
јадови раѓа – жали за неа.
Ако Ви се допаѓаат текстовите слободно можете да нарачате на мојот имејл: strumjan(na)gmail.com
No comments:
Post a Comment