Исполнува: Виолета Митева
музика: Ванчо Димитров
текст: Илија Илиев
В гради ти расте дрво – врба е жалосна,
гранки над срце ти свила чиниш го покрила.
Ти доаѓа нож да земеш и да го зариеш
длабоко сè до срце – гранки да пресечеш.
рефрен:
Тагата колку боли
нема кој не сетил,
некој во твојот живот да бил
па те напуштил.
В гради ти расте врба срце ти покрила,
ти доаѓа нож да земеш гранки да пресечеш.
Од гранки со ножот потем свирки да направиш
преку нив за да можеш гласно да зајачиш.
рефрен:
Тагата колку боли
нема кој не сетил,
некој во твојот живот да бил
па те напуштил.
Некој во твојот живот да бил
пустош да направил.
Ако Ви се допаѓаат текстовите слободно можете да нарачате на мојот имејл: strumjan(na)gmail.com
No comments:
Post a Comment