Дека тоа значи намалување на бројот на вработените, и тоа го знаат.
Дека некои сегменти од МРТ, поради немање доволно средства, ќе згаснат, ај да речеме дека и тоа го знаат и разбираат.
Но, ниту на врапчињата не им е јасно како тоа во 21 век МРТ ќе ја затвори својата веб страница!
Можеби и Вам не Ви се верува, но само отворете ја http://mrt.com.mk и ќе видите дека последната поставена вест е од 29 јануари 2008.
Тој ден на МРТ и беа исклучени телефоните и интернетот поради неплатени сметки. Од тој ден се бараат начини како да профункционираа нормално дотурот на вести за редакциите во МРТ. И, како-така, се изнајде некакво решение, па редакциите почнаа да добиваат информации. Дури се изнајде некое решение и за пристап до интернет. Но, верувале или не, интернет пристап за оделението кое ја подготвува веб-страницата не се изнајде до мигов кога го пишувам писмово!
Иако секојдневно се ветува решение, сепак, конечно осамнува решението дека одделението кое ја подготвува веб-страницата нема да постои.
Токму така. Нема да постои!
Барем за некое време тоа значи дека и веб-страницата на МРТ нема да постои. Наместо да се развива и расте, таа нема да постои!
Помалку битно е што луѓето кои таму работат се принудени да си одат.
Побитно е што МРТ си извршува интернет-самоубиство.
Најбитно е што никој, ама баш НИКОЈ изгледа, не се сетил дека веб-страницата на јавниот радиодифузен сервис е исто така јавна сопственост.
Кој тоа го прашал народот или решил во негово име да му ја укинува-затвора сопственоста?
(Објавено на 12.03.2008)
Коментари:
(Lost series 12 Март, 2008 - 11:35) МРТ одамна си извршија самоубиство, само што не бевме свесни за тоа.
(strumjan 12 Март, 2008 - 11:42) Тоа и прашувам: Кој одлучи во име на народот?
(RIBARO 12 Март, 2008 - 13:12) ...па ваљда тој словенечко-македонски босс ако се откажи од 5/6000 евра месечно ќе може да функционира сè нормално. Уствари, кој го постави за директор...?
(star.maestro 12 Март, 2008 - 13:43) страницата на МРТ не ни функционира!
(волан 12 Март, 2008 - 15:10) Навистина жалосно ... немам зборови ... подршка за тебе и луѓето ...
(sting EYE 13 Март, 2008 - 08:16) Јас пак цел живот се прашувам друго
ЗОШТО МРТВ ИМА ЗГРАДА ОД 100 СПРАТА, МИЛИОН ВРАБОТЕНИ, ИНВЕРТАР ОГРОМЕН А ТЕЛЕВИЗИЈАТА Е СРАЊЕ (МИСЛАМ НЕ ДОЛИКУВА НА НАЦИОНАЛНА ДЕ)
Сите плакаме Задолжително на сметка за струја ПРЕТПЛАТА ЗА МРТВ (а наплакаат за рекламирање!!!)
Некој Таму ужива со два грама креација за емисии во главата
Се спонзорираат концерти од типот на Цеца
Сето тоа другари ние го плакаме, од наш џеб.
Ако може Сител,А1,Телма и останати да прераснат во модерни национални ТВ куки, може и Комунистичката МРТВ да се трансформира од КОРЕН!!!
поздрав Струмички другар :)
Марјан