26/03/2012

Гоце е жив!

Извадок од телеграма испратена на 14 мај 1903: „До неговото височество Големиот Везир Иако по извршеното доставување и претставување на фотографијата поместена во весниците следува дека е во прашање „Делчев“, бунтовник паднат во раце мртов, кој што е од најголемите раководители и високо рангиран во Внатрешната организација, а кој според претходно разгласеното е убиен, сепак, гласините за убиството на споменатиот се без основа, откако од страна на бугарските весници кои излегуваат во Софија е известено дека тој сè до денес е жив.“ Да потсетам , оваа телеграма е испратена десет дена по „убиството“! Каква паника предизвикала кај османлиите може само да се замисли, но сигурно мобилизација на највисоко ниво. Да ја искористиме како поттик, да истражиме повеќе за нашиот великан и неговиот живот пред и по „убиството“! И да се излажале тогашните весници, сепак едно е вистина: Таков човек не може да умре! Среќен роденден Гоце!

(Објавено на 04.02.2008) 

Коментари:
(S.F. 4 Февруари, 2008 - 00:25) Ние мораме да знаеме дека војната е својствена за сите... А борбата е правдата... Сите битија битисуваат преку постојаната континуирана борба Среќен роденден Гоце 
(MastermindMK 4 Февруари, 2008 - 00:31) Голем човек, вистински Апостол, личност од која многу се учи. Вечна памет 
(Вашето име 4 Февруари, 2008 - 00:35) Исус е жив, Тоше е жив, Гоце е жив, па илјадници други религиски водачи, уметници, национални херои се мртви ама Живи, додека Зомби шетаат насекаде низ светот, живи Мртовци... Вистина се Живи ама дали е ова Жива Вистина? 
(АС 4 Февруари, 2008 - 00:36) Среќен роденден Војводо!Давај ни памет во времиња чудни! 
(RIBARO 4 Февруари, 2008 - 00:52) Нека е вечен! 
(Сердарот 4 Февруари, 2008 - 01:28) Гоце е жив поради неговото дело и аманетите кој ги оставил на нас. Вечна му слава. 
(виолетова 4 Февруари, 2008 - 09:20) ги читав пред некое време турските документи од тоа време, барав еден документ, а баш налетав на овој за Гоце 
(Куќоберникот 3 Мај, 2008 - 23:49) Вечна почит за Гоце и сите што се бореле за Македонија. Ваков човек не заслужува неизживеани наркоманчиња да му го чкртаат споменикот. Можеби овој јубилеј ќе биде повод конечно да го средат споменикот како што му доликува на ваков великан. 
(gocajaska 3 Мај, 2008 - 23:55) ... помен и вечна слава ... 
(literanova 4 Мај, 2008 - 00:11) Икона од злато на иконостасот на македонската историја... Централна, без конкуренција... Личност која со најголемо право може да го чува во своето срце кивотот со светата љубовта кон Македонија... 
(sting EYE 4 Мај, 2008 - 10:49) ДЕЛЧЕВ БЕЗ ДРУГО Е СИНОНИМ НА МАКЕДОНИЗМОТ. ДЕЛЧЕВ Е НАЈГОЛЕМ МЕГУ ВЕЛИКАНИТЕ. ДЕЛЧЕВ БИЛ ВИЗИОНЕР И ГЕНЕРАТОР НА МАКЕДОНСКАТА ПРЕРОДБА. КОГА БИ МОЖЕЛ ГОСПОД БОГ ДА НИ ГО ВРАТИ БАРЕМ ЗА МИГ, МИСЛАМ ДЕКА КЕ СЕ ДРМА БАЛКАНОТ ОД ЏИНОТ ГОЦЕ. ПОЧИВАЈ ВО МИР ВОЈВОДО. ИМЕТО И ДЕЛОТО СЕКОГАШ КЕ ОСТАНЕ ВО МАКЕДОНСКИТЕ СРЦА... МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ! 
(zonet 5 Мај, 2008 - 11:15) Делата на Делчев се занемарени со победата на комунистичката партија на Југославија, бидејки станувало збор само за една република во феедерацијата, криво ми е што не е познато повеке одколку неговата визија за културен натпревар мегу народите. Во негово време, таму кај што делувал незамислива била демократијата. Но неговите визии за иднината можеби ја надминуваат и сегашната, светска демократија. 
(Virtuella 5 Мај, 2008 - 11:29) ...Гоце е жив!... 
(nadezna 5 Мај, 2008 - 11:54) секогаш ке биде