25/03/2012

Луто макало

Не знам за странцине (што ги спомнува Рибаро), ама нашиот народ има еден лек: 
Земаш лута пиперка од везените што ги сушиме под стреите, ја вариш со вода во едно лонче како за чај. Потоа во водата додади си малку сол ако ти е за вкус и испиј ја. 
Топла, се разбира. 
Ќе прочуриш од секаде ама има ефект против настинка, грлоболка и слично. 
Да не речеш оти те маткам, јас си правам вака: во едно тенџере ставам пиперки лути везени, компири лупени, кромид лупен и сол. Ги варам додека не омекне компирот. Потоа цедам, водата ја пијам, барем една чаша, а мастрафот го пасирам и си добивам луто макало за неколку дена. 
Не знаеш што е поубаво. 

(Објавено на 21.03.2007) 

Коментар: 
(RIBARO 21 Март, 2007 - 22:38) Струмјан, глеј прај, че ме носиш на душа :) А овај рецептов со макалово бааѓи вкуен се чини, треба да се препорача кај Кукбук.