25/03/2012

Демостен

Сите си мислеа оти јас сум ти бил народен филозоф, демек Демос, па Демостен, па така. Првото го погодуваа, дека е за народот, ама вториот дел... Јас бев за остен! Остен за народот! Така де. Ќе му даваш демократија на овој и ваков народ. Море удри таму. Ако со ќотек не му го скршиш `рбетот, народот ќе ти стане безрбетен. Барем мнозинството. И што ќе ти е таков народ. Ти се лигави и мрсулави, ти се упикува во чмарот, што се вели, не можеш на раат по нужда да си одиш. Значи јасно е, јас верував во тоа дека остенот е од рајот излезен. Дури не дојдов овде и не налетав на еден американец кој се смееше кога му објаснив што значи остен, оти рече дем знаел што значи. Испадна дека јас не сум знаел. Кога ми кажа и јас пукнав од смеење сфаќајќи ја мојата животна иронија. Името да ми ти значело „остен по ѓаволите“! Damn остен!