25/03/2012

Тито vs. Тиесто

Па добро бе крастави капиталисти! Зар заборавивте колку ви беше убаво со мене? Па само 27 години има поминато оттогаш и вие веќе славите! Мамичето ваше американизирано! Место солзи да лeете вие ќе пеете! И младината место да ја учите кој сум и колкав човек сум, вие ќе ја мкнете по концерти на некој си диџеј Тесто... Тиесто, како ли е? Јас за мерак да ви направам го учев на времето и Тешкото да го играм, а вие Тестото! Кај погодивте да го викате тој Тестото на денот кога јас заминав од кај вас и дојдов во рајов?! Ова ли ми е фала за тоа што ве водев такви слепци во посветла иднина? Неблагодарници! Гледав и при умирање да ви удоволам, па умрев на исти ден со вашиот Гоце, а вие мене вака... Само нека, нека, има меѓу вас уште црвени сили кои ме почитуваат а го сакаат и Тесто диџејот, тие вам ќе ви судат. Јас веќе токмам тука Голорајски оток само за вас.
П.С. А-а, гледам ги наполнивте гаќите и вие и оној Тесто па ќе го одлагате концертот до еден по полноќ, само да не ве фати клетвата! Ќе биде од вас пионери, ќе биде!