Според информацијата им следува 50 литри гориво дневно, значи:
19*365=6935 денови
6935*50=346750 литри гориво секој
Ако автомобилите им трошеле просек по 10 литри на 100 километри тогаш имаат минато секој по 3467500 километри или скоро по триипол милиони километри секој!
Каде ги имаат минато толку километри сигурно си знаат, не им се мешам, ама ме интересира кои возила ги возат, оти ако им се истите се работи за светски рекорд во издржливост, па би сакал и јас едно такво.
Ако ги менувале автомобилите на секои сто илјади километри тогаш тоа е просек менување автомобил на секои 6 месеци, или сега го возат својот 35-ти автомобил.
Прашање:
Колкава колона од цистерни се триипол милиони литри гориво или, ако Ви е полесно, може и во танкери да ми кажете?
(Објавено на 09.08.2009)
Коментари:
(виолетова 9 Август, 2009 - 09:34) хаха, математикава :))))
(швабо 9 Август, 2009 - 09:38) Одбиј ги викендите, деновите кога се одржувале маратонските седници, празници и годишни одмори и ќе испадне цистерна-две помалку. Па не претерувај, не трошат многу.
Едно време имало собраниски станови ама некој ги приватизира, ама затоа па тури уште некое литро помалку.
(interpreter 9 Август, 2009 - 09:54) Бензини парламентарни у евро паре
цркнало оној што ги вози магаре
па не им е и на њима л'сно
да лапав сас године поштено и мрсно
Извор
Некоја си интерпретер творила на туј тему
(partik1 9 Август, 2009 - 09:57) Добре бе, ти домашна работа ли ни задаваш? Сега сме на распуст...тоа може дури по 15. септември, кога ќе ни се разбуди мозокот. Сега не сме во форма.
А можеби и го пиеле или готвеле со него...
(Effo 9 Август, 2009 - 10:47) Точно така.На 15 ти септември,многу работи ќе станат појасни!Позз.
(oksimoron 9 Август, 2009 - 11:04) И после, ќе се барало нафтени извори во Македонија..... е, ќе се бара - многу трошаџии имало! ;) :)
(scupi 9 Август, 2009 - 11:52) Струмјан
ниси узео у обзир испарење. С обзиром на обзир да је време у Македонија много топло, процент на испарење је око 102.3%. Посебице ако авто оставиш на сунце кога си на "седенка".
(strumjan 9 Август, 2009 - 12:03) Одамна имам ставено десно едно банерче „Пијте нафта – наша е!“ Им се извинувам на сите наши пратеници ако тоа буквално го сфатиле!
(partik1 9 Август, 2009 - 12:06) Значи ТИ си крив! Буквално те сфатиле пратениците...