16/04/2012

Ќе се самоубиеме ама ќе преживееме!

Се обидуваат да нè натераат да поверуваме во оваа парола. Странците, а и некои од нашите :( Истите тие странци, за себе, најчесто се водат по паролата „Ќе испоумреме многумина ама ќе постоиме“. Погледнете ги само нивните филмови полни со таа порака. А нам ни велат дека ќе преживееме само и само ако се самоубиеме?! Нашите? И од нашите многумина ја „фатиле“ таа парола. На рака им одат и нашите филмови каде „врие“ од самоубиства. Ние, пак, како доброплатени статисти сме толку „уфилмани“ што сè ни е исто. Извинете, мене не ми „легнаа“ парите на сметка па затоа одбивам да бидам статист. Ако за моето преживување цената е самоубиство, одбивам и да се самоубијам! 

(Објавено на 14.07.2009) 

Коментари:
(gianni 14 Јули, 2009 - 08:53) Ќе се самоубиеме, ќе исчезнеме и ќе остане една неодредена зомбифицирана маса која пред да се убие биле Македонци, а потоа...?!!! 
(bukefal81 14 Јули, 2009 - 08:59) и за мене самоубиството никогаш не било, нема ни да биде опција. п.с. плус тоа нема ни поп да ме пее ;) 
(Маат 14 Јули, 2009 - 09:03) Самоубиството било и засекогаш ќе биде неприроден чин. 
(LupcoBocvarov 14 Јули, 2009 - 11:44) Оние од здружението “Граѓани за европска Македонија“ се всушност поддведувачи кои нашата воскресната млада и убава девојка Македонија сакаат да ја пикнат во европскиот бордел додека една тамошна стара курва, исплашена за својата изветвена репутација, се буни и не дава пристап а овие подведувачите и` се додворуваат викајќи `еве ма ќе и` го смениме името а и сите атрибути, ќе личи на безлична словенска курва`. Е па се заебале подведувачите, девојката си е од стар сој и си има јаки братчиња што нема да дадат да си го смени името и да се прокурва :) 
(astrostoper 14 Јули, 2009 - 11:49) имаш моја подршка нема самоубиство ќе гинам поштено 
(xSizEx 14 Јули, 2009 - 23:02) Самоубиство во Самоодбрана