Оттука произлегувало дека ќе сме се нарекувале „Северномакедонци“, што не ни се допаѓа. А кога нешто не ни се допаѓа, ние, како ербап народ, веднаш му наоѓаме решение.
Мудро ќе почнеме да го кратиме она „Северно“ и по година-две ќе си се нарекуваме „Сèмакедонци“!
Оф убавини, ќе си пукнат од мака соседите ни, особено јужните (замислете „Јумакедонци“ ).
Арно ама... проблем ни прави меѓународното име. Што ако меѓународните испаднат поербап па скратат и тие?! Што ако од „NorthMacedonians“ си останеме „NoMacedonians“?!
А „Сè“ и „No“ не ќе да е исто!
Бати меѓународната, бати!
П.С. Ме заплетка во размислување Шарлот.
(Објавено на 24.10.2009)
Коментари:
(LupcoBocvarov 24 Октомври, 2009 - 10:11) Единствен начин да се покажеш ербап во замислената ситуација е да протестираш барајќи отпуст од државјанството на новоименуваната држава. Условите за отпуст се толку строги што тешко дека надлежниот орган било кога ќе прифати дека си ги исполнил. Ама ти си си го направил ќефот - си й плеснал на Владата в лице колку ти значи нејзиниот лукративен кукавичлук.
(interpreter 24 Октомври, 2009 - 10:47) Љ
Изгледа најбоље ќе биде сви да се прогласимо за апатриди..Хајматлози
(hemicarot 24 Октомври, 2009 - 10:51) int , ни апатрид неможеш , види го кај љупчо законот , не те пуштаат така лесно :)
(Charlotte 24 Октомври, 2009 - 19:18) струмјан мојот предлог (ако се мора)е :наша Mакедонија или Mацедониа оф оурс. и така нашите по цел свет си се викаат нашинци а така се викале и прабаба ти и прадедо ги веројатно.Tоа е доказ дека нашинците од Mакедонија секогаш постоеле ,се до почетокот на светот .Aко си жив ,нашинец си отсекогаш.Tуѓинците може да ни плукнат под прозор и да не викаат како сакаат.