Уште многу работи во веста не се кажани, но за тоа може и некој посебен пост да бидне.
За вечерва само две:
1. Не се најде барем еден новинар ниту политичар да истакне, макар и да спомне, дека во црквата кардиналот Бозаниќ, испратен директно од Ватикан како папски претставник, целото обраќање го искажа на Македонски јазик, притоа употребувајќи го постојано само името Македонија, пред очите и ушите на многу светски но и од нашите соседи бискупи и свештени лица, меѓу кои и грчкиот бискуп, кој, патем речено, поканата за пристуство ја прифатил „со големо задоволство“ (негови зборови).
2. Не се најде ниту еден паметен, во сите преговори, договори, најмногу заговори, за спорот со Грција, пред тој голем, паметен и мудар свет кој ни ја крои судбината, да потсети, макар и да спомне, дека Ватикан со папски декрет од 2001 година назначи апостолски егзарх за Македонија (без никакви додавки, придавки, дури ни „република“ го нема!), функција која во моментов ја извршува Киро Стојанов. Да им кажеше некој на оние силни светски лидери, особено на тие кои се католици меѓу нив, дека нивниот врховен поглавар, оној кој е поважен од сите светски политики, ја признал Македонија! И, онака патемно, да ги потсети тие светски глави, дека правејќи нешто што е спротивно на одлуките на Ватикан е грев кој не би требало да си го дозволуваат.
(Објавено на 08.11.2009)
Коментари:
(Внукот 8 Ноември, 2009 - 23:15) Види, се работи за „неточна“ религија. Оттаму, што е важно што не’ сметаат за луѓе? Не ни биле браќа, така имам чуено. А „браќава“ што не’ отепаа милион пати од времето кога ни станаа „браќа“, па до денес.
(Маат 8 Ноември, 2009 - 23:20) Жално што не знаеме да ги искористиме и потенцираме и добрите работи, оние кои се во наша полза и на тој начин да го негуваме пријателството кое пак може да донесе и други нови пријателства. А за Папата ептен ја утнале работата.
И новинарите и политичарите ни наши.
(strumjan 8 Ноември, 2009 - 23:21)...и така ми се роди стравот од топлата братска љубов!
(strumjan 8 Ноември, 2009 - 23:23) Наместо реклами, требаше да го напечатиме на огромни билборди и цепелини по светските метрополи посланието од Папата.
(Внукот 8 Ноември, 2009 - 23:25) Требало да го послушаат Гоце Делчев на времето. Сега ќе немавме проблеми какви што имаме сега. Ама, кога не го послушале него, верувај ми - нема ни тебе да те послушаат! :)
(strumjan 8 Ноември, 2009 - 23:26) Значи, да не одам во Баница!
(Внукот 8 Ноември, 2009 - 23:28) Ама затоа можеш да јадеш баница! :)
(православец 17 Ноември, 2009 - 22:50) Ако го послушавме Гоце за унијата, ќе ни се случеше она што им се случи на кукушани.