Правилниот отпоздрав на „Христос се роди“ е „Славете Го!“.
„Славете го“ потврдува дека знаете за Исус и сакате да го славите Неговото име.
А ова „навистина се роди“ звучи како да сте акушерка која на родителите им кажува дека ете им се …родило дете.
Значи за Божиќ се поздравува „Христос се роди“ а се отпоздравува со „Славете Го!“
За Велигден се поздравува со „Христос воскресна“ или „Христос воскресе“ а се отпоздравува со „Вистина воскресна“ или „Вистина воскресе“ затоа што тука веќе не сме го виделе чинот, па ни никој друг, туку искажуваме верба во воскреснувањето.
(Објавено на 07.01.2010)
Коментари:
on 07/01/2010 at 11:32 rus Said:
Среќен Божик и Славете го!
on 07/01/2010 at 12:52 gocajaska Said:
… хе,хе …
… ВАИСТИНА СЕ РОДИ …
… гушкаааааааа …