Еве ја логиката:
Ако го преместиме Божиќ во декември тогаш во јануари, онака исцедени од празнување, прво што ќе нè пречека е платата која потоа ќе има шанса да потрае до следниот месец.
Оти вака како што е сега колку и да ја тегнеш тешко стасува.
Да го растовариме јануари од празници, да ни започне годината со плата!
(Објавено на 01.01.2010)
Коментари:
on 01/01/2010 at 21:26 charlotte Said:
Така е,само ,ќе се бунат поповите.
on 01/01/2010 at 21:34 partik1 Said:
Хахаха…ме потсети на еден случај со еден покоен колега. Го прашуваат – Зарем не е подобро ЧИСТ ПОНЕДЕЛНИК да се слави во петок? (Во врска со Тримери)
А тој: Најубаво! Ем ќе можеме да се напиеме зашто утре не сме на работа!