13/05/2012

Черга

Живееше според народната: Протегни ги нозете колку што ти е чергата. Но, по некое време, чергата на чуден начин почна да се намалува. Мислеше привремено е, па најпрвин ги вовлече нозете да не штрчат преку чергата. Потоа ги вовлече рацете, па главата… Конечно, се затвори во клопче кое се оттркала накај светот по волја на ветрот. Оние кои, за забава, ја подизвлекуваа чергата од под нечиј задник најдоа друга черга.
(Објавено на 07.07.2011)

Коментари:
on 07/07/2011 at 08:58 toshomachorot Said: “Оние кои, за забава, ја подизвлекуваа чергата од под нечиј задник најдоа друга черга.“ Да си избришат нозете……….
on 07/07/2011 at 10:11 nerzima Said: Сурова вистина….за жал…..
on 07/07/2011 at 15:55 bijonse1 Said: затоа велам подобро од теписон нема никаде…..