13/05/2012

Ќерка ми

Сакам да ги прочитам нејзините записи. Сакам да знам како размислува, каков човек станала. Но, таа строго ми забранува да ги читам. Ако ги прочитам и дознае за тоа, ќе ми се налути, ќе биде повредена. Дали да бидам љубопитен татко или верен пријател? Се гордеам со неа што ме става пред ваква дилема!
(Објавено на 04.07.2011)

Коментари: on 04/07/2011 at 20:33 mackica Said: Остави ја во нејзиниот свет :) Подобро е така одколку да и ги прочиташ дилемите, прашања, чуствата, збунетоста.. :) Остави ја самата да ти прочита или да ти даде дозвола кога таа ќе биде подготвена :) Многу е полесно да пишуваш и да те оценуваат непознати, одколку да ја отвориш душата пред сопствените родители кои те познаваат најубаво :) Поздрав од една ќерка :) on 04/07/2011 at 20:40 filip22 Said: Аиии не закачај таму чоек,ќе направиш некоја беља па тешко тебе.Само штом си го открил тоа,ќе те јаде некоја јанѕа да ѕирнеш.Поарно не се чепкај таму каде што не те чеша,подалеку од тоа и заборави. on 04/07/2011 at 21:09 kocevaaa Said: Не им ја одземајте приватноста на вашите деца никогаш..Тоа е како една мало катче каде што се кријат оние длабоки рани,насмевки,тајни …тамо се крие нејзиниот живот,она што ја тера да продолжи напред…Дозволете и сама да успее да се изгради во вистински човек,бидејќи само на тој начин ќе биде своја и единствена. Вие ако сакате да и помогнете: Гледајте со поглед да ја разберете,подадете и рака кога и е најпотрено,храбрете ја,сакате ја,фалете ја,покажете и дека светот е лицемер ама дека и сепак постои нешто добро во него…Нека научи да ги цени вредните работи …Верувајте ми само на тој начин ќе бидете вистински родител .. on 04/07/2011 at 23:18 promenlivo Said: Да провалиш во нејзините записи?! Без дозвола?! На ќерката?! … седи си мирен. Биди пријател. on 05/07/2011 at 01:15 lupcobocvarov Said: Спрема малолетните деца родителот треба да има целосна контрола. За неа треба да се избори на другарски начин, со отворање на муабети за сите теми кои детето го интересираат, вклучително и за сексуалните односи. Во однос на родителите, децата не смеат да забрануваат било што од својот живот. Веќе самата изјава дека на родителот му забранува да ги чита нејзините записи, малолетната ќерка ја квалификува како семеен тиранин. Почитувањето на малолетничката тиранија му прави мечкина услуга на детето и негативно ќе влијае на неговото оформувања во реалистичен човек. on 05/07/2011 at 06:31 lepa angelina nl Said: секој има право на приватност, без разлика дали е малолетен или полнолетен. секој има право на катче што ќе биде само негово. сакаш ли да ги читаш нејзините дневници? свесен ли си што сакаш? и после? ти нема да видиш каков човек станала, сакаш да ја контолираш, што е разбирливо.тешко е да се биде родител во денешно време, ама тоа не е никакво оправдување да се ровари по текстовите на детето. посвети се малку на себе и на жената. on 05/07/2011 at 06:39 sina Said: :) убаво е кога човек се гордее со своите деца и не верувам дека би ги прочитал, колку и да копка љубопитноста on 05/07/2011 at 07:25 promenlivo Said: Бочаваров, денешниве деца не променија како родители, се сменија работите, сепак Струјман терба да ја испочитаува нејзината отвореност што му кажала дека запишува нешто, го поделила тоа како со пријател. Тоа што рекла не, не ја прави тиранин, според мене малолетнича тиранија е ,,толчи-молчи,,на децата денес. Искустевно , со оглед на годините си во право, но психолошкиот профил на малдите генерации е крајно променет од оние во 60-70 -ти, овие се емотивно кршливи, многу многу покршливи… ај поззз.. on 05/07/2011 at 07:41 nerzima Said: Почитувањето на приватноста , прави младите луѓе да се чувствуваат прифатени и еднакви во светот на возрасните.Нејзините дилеми се сепак НЕЈЗИНИ, а ако ти како родител посакаш да ги расчистиш наместо неа, и крадеш нешто многу ВРЕДНО а тоа е основното средство за созревање : самоодлучувањето. Таа мора да се избори со себе. Мора да си го спознае животот сама а ти па ( колку и да боли ) мора да и дозволиш умерено да подизгори некаде. Тоа е ризик кој мора да го превземе секој родител за да му помогне на детето да изгради самодоверба. А превенцијата е во отворената врата кон детето, кое ,ако е добронамерно отворена, ќе ја искористи во моментот кој сама ќе го процени, ќе дојде и ќе побара помош…..ТОГАШ можеш да СОВЕТУВАШ …но пак адаптирајќи се на нејзиниот свет и на нејзината перцепција…. И биди горд на керка ти, бидејќи била доволно стабилна да предизвика дилема кај тебе…Во спротивно, ако била проблематична, ти ни за момент не би се двоумел, би ѕирнал СЕГДЕ и би ПРОВЕРИЛ СЕ ….Ама ова слаткава дилема , збори за зрелоста на твоето дете…Почести го со доверба. Со доверба и ЌЕ ТЕ ПОЧЕСТИ :) on 05/07/2011 at 14:28 lupcobocvarov Said: Колку што може да се разбере од постот, се работи за записи на ќерката која има литературни амбиции. Пишувањето е вештина која се учи, тоа може да биде и занает. На млада личност која со тоа се занесува треба да и` се објасни дека во тоа нема никаква мистика или место за интима – тоа е технологија за создавање слики и пренесување чувства преку зборови. Во суштина, пишувањето е мамење од голем калибар. Тука самодовербата нема речиси никаква вредност, битно е што мислат читателите, бидејќи за нив се пишува, никој не пишува сам за себе како публика. А најкритички расположена публика треба да бидат родителите, браќата и сестрите, тие треба да постават високи критериуми околу писателката. Кој поскоро тоа го сфати и научи, полесно ќе расчисти со своите амбиции да биде писател. on 05/07/2011 at 14:35 gocheska Said: И јас не верувам дека би и ги прочитал нејзините записи дури и да стојат пред тебе . Претпоставувам дека се работи за дете тинејџер, а тогаш се тие најранливи … затоа колку и да ти е дилемата да или не , јас би рекла дека ти веќе си одлучил тоа да биде Не.