13/05/2012

Денот на независноста

Ја сакав баба ми, сè додека не пораснав а таа почна да ми се меша во животот. Веројатно добронамерно, ама јас посакував што поскоро да се ослободам од нејзиното влијание. Не можев да си заминам, живеевме заедно. Таа замина на Денот на независноста. Оттогаш, барем на тој ден, ми недостига зависноста.
(Објавено на 04.07.2011)