(Објавено на 27.04.2008)
Коментари:
(ЛУДА ГЛАВА 27 Април, 2008 - 19:38) јас бидејки немам ни едно, се мислам да ги прескокнам првите две и одма третото да го родам :) :) :) :)
(Lost series 27 Април, 2008 - 19:40) Изгледа и јас се чудам.
(strumjan 27 Април, 2008 - 19:48) Луда Главо – паметна идеја!
Лости – а јас се чудам како некој пред тебе коментираше?!
(ЛУДА ГЛАВА 27 Април, 2008 - 19:49) му фрлив џамлија и го замајав :) :) :) :)
(Lost series 27 Април, 2008 - 19:50) Епа ЛГ ме превари!
(Бунка 27 Април, 2008 - 19:53) Струмјан/ЛУ, а трето дете се важи ако е преку спотер? Ви текнува она правилото во играњето џамлии: примаш спотер!
(ЛУДА ГЛАВА 27 Април, 2008 - 19:56) мене не ми текнува на спотер, ама ми текнува на сирече од ластик :)
(luminata 27 Април, 2008 - 19:57) ама целта ќе е 4, знам, совршен број деца и голови утре од Арсенал
(ЛУДА ГЛАВА 27 Април, 2008 - 19:58) четворката и арсенал ме тераат да мислам дека се влијаело на тебе :)
(luminata 27 Април, 2008 - 20:00) не треба да мислиш, имаш право
(strumjan 27 Април, 2008 - 20:01) Бунка – секоја помош е добредојдена, па макар и спотер :)
Лумината – знаев дека си под влијание.
(Бунка 27 Април, 2008 - 20:07) ЛУ, вака имаш твоја џамлија со која треба да ја удриш џамлијата на противникот... ама пред противничката џамлија има друга џамлија... па пред да ја удриш таа во средина и со неа да ја погодиш противничката... треба брзо, брзо да речеш ПРИМАШ СПОТЕР! Капиши? :)
(Lost series 27 Април, 2008 - 20:08) Бу ме зБУни!
(ЛУДА ГЛАВА 27 Април, 2008 - 20:11) јас на тоа би одговорила : ТИ ДА ПРИМИШ СПОТЕР :)
сфатив и ќе го пренесам сфатеното знаење на третото дете :)
(frustrislava 27 Април, 2008 - 20:21) e да, бе.. трето.. малер е трето - или 2, или 4!
кога ќе размислам, за инат на сите реклами, треба да се иде на 4 деца!
шо би се рекло, луда.. земи поголем залет.. рипај треќо и земи што е после него :)
(JOK BUREK 27 Април, 2008 - 20:34) Само да се чудиш на глупоста и на дрскоста на серковците од ОПРСТ
(novajlija 27 Април, 2008 - 20:40) Апсурд до апсурд, едно со друго се коси...
(oksimoron 27 Април, 2008 - 20:58) Не се чуди, туку фати се за работа :)
И, батали сомнителни емисии. ;)
(совет за радиоконфузија)
(Yo Blow 27 Април, 2008 - 21:02) а со што да ги раниме тие 3 деца?
со воздух?
(strumjan 27 Април, 2008 - 21:10) Фрустислава – 7 е број на љубовта, одма седум!
Јадам бурек – УФХЦЧ :)
Новајлија – ама како закон ќе се носи :(
Оксиморон – ептен сомнителна емисија, почна со зајци и така заврши, што ли сакаа да кажат?
Јо Блоу – со закон ќе го решат и тоа не се секирај :)
(виолетова 27 Април, 2008 - 21:26) ова не е прв нон-сенс што се пропагира :)
(strumjan 27 Април, 2008 - 22:04) Виолетова – мислев дека ти ќе предложиш 9, како конечен број :)
(виолетова 27 Април, 2008 - 22:08) аааааааа, не!
доста ми е едново, хаха
(liberte 27 Април, 2008 - 22:24) Што е чудно тука? Па убаво е да се имаат три деца,па да. Верувам дека повеќето се согласувате. Али ете станува збор како ќе им се обезбеди ова,како она... Сето е тоа фарса,па да! Тоа што во нашето опшество владеат такви норми,тоа е нешто сосема друго! Пред некој ден прочитав во весник ч На едно дете во основно училиште му украдиле телефон од преку 20 000ден. Епа браво! Татко му валјда на синот единец му купил најскап телефон, а неможе да издржи уште едно дете?!,и на веќе роденото, да му даде, да му подари..нешто најубаво,нешто најблиско..што ќе го има цел живот.Муабетот ми е дека не се проблем парите и издржувањето на децата..проблем е разгаленоста на истите и натпреварувањето на децата и родителите кој ќе му купи поскап телефон,компјутер..патики..и се останато.Знам дека не сум целосно во право..и не е секаде исто.Али дека е така,така е во многу случаеви.Еве знам еден пример..имам добра другарка од Загреб која има 6 браќа...а таа е најмала..се вика Теа.Нема татко веќе неколку години..сите деца,сите нејзини браќа се повеќе или помалку средени,ги има во Хр ги има во странство.. се сакаат и се почутуваат,помагаат,..на секој празник тие се заедно,да,да сите 7! И неа(Теа) како најмала ја сакаат сите и ја чуваат како цвеќе,како капка роса! Прекрасно е да имаш шест браќа,сестри нели? Се друго е помалку важно!
(cOOOklOOOk 27 Април, 2008 - 22:31) Има многу себични луѓе во денешно време.
Дур и едно дете им е напор(не ради финансии)
Тоа е оправдување дека не можат деца да имаат дека финансиски се слаби.
Шо да кажат тие у Берово,Штип,Пробиштип итн?
По оваа логика треба да изумрат тие градови!
(strumjan 28 Април, 2008 - 09:18) Либерте – не е чудно да имаш три или повеќе деца, чудна е логиката на кампањите :)
Кукбук – по таа логика најсебични се монасите што живеат во целибат, а малите градови се веќе на изумирање, ама од централизирањето на сè во Скопје :(
(interpreter 28 Април, 2008 - 09:28) Откако го прочитав твојот пост вчера,случајно налетав на МТВ спотот...Прво што ми текна гледајќи го спотот, мислев дека е направен да се грижиме за старите луѓе, па ај после викам да не е за болниците нешто,кога оно да ти било за трето дете...
Нема ништо лошо во тоа,не три,кој може нека чува пет...Деца не се доволно никогаш...Амам ако веќе владата промовира таква политика,нека ни пружи достоен живот,добра работа и плата па тогаш нека помине на делот убедување да расте наталитетот:..Овака, со вакви плати и нисзок стандард,ретко кој ќе може да се одлучи за трето дете...Во Србија имаа таква кампања ама кој чува трето дете незнам пари,станови...А овде стимулација со спот со дедо кој лежи во приватна болница
(волан 28 Април, 2008 - 09:41) Од новата Влада ако остане овој состав очекувам личен пример ... :) Владата мора да ја следи својата политика ...
(Publikum 28 Април, 2008 - 09:42) Читнав постот, читнав и коментарите.
Монасите се мала група луѓе кои не влегуваат во оваа категорија што ја споменуваш. По таа филозофија посебични се оние мажи и жени кои воопшто не влегле во брак и не створиле дете. И во Скопје се централизирани институциите, а еден ЕМО сеуште е во Охрид, Баргала сеуште е во Штип, но што не се снашле во отворениот пазар, тоа е нешто друго.
(Publikum 28 Април, 2008 - 09:49) п.с.
инт, за трето зависи каде паднало паричето.
(interpreter 28 Април, 2008 - 09:57) Е вала куде мене и да се падне нема сила што ќе ме натера да потреќу... Па не спотови, оној се тресе у ладну воду, не пали ништо... Мене и овија кој дн ќе ме отерав у лудницу
(ЛУДА ГЛАВА 28 Април, 2008 - 10:42) три ко две, две ко едно, едно ко ниедно :)
отворете ја сезоната за парење!!! :)
(cOOOklOOOk 28 Април, 2008 - 10:51) Струмјан не сакам да навлагам во мисијата на монасите.кога би го следеле нивниот пример би останале без пород и со самото тоа без држава!
сепак тие се посебни луѓе со според мене малку поинакво размислување него останатиот нормален свет!кога никој не те сваќа на крај бараш уточиште таму.Тоа е мое мислење!
За поповите друго мислење имам! :)
Поздрав!Убав е денот излагам!
(liberte 28 Април, 2008 - 10:58) Кампања како кампања..може да биде подобра или полоша..само меѓу редови и де факто доаѓаме до реалноста зошто е сето ова вака како што е.Сведоци сме дека се помалку деца се раѓаат во државава и во Европа.Да,тоа е највероватно последица од динамичниот живот кој што го живееме,градењето на кариера итн.Сето ова не ни препушта да имаме повеќе деца.Мислам дека тоа е правиот проблем т.е причина.Парите мислам дека и покрај се не се главната причина.Па три или повеќе деца имаат релативно посиромашните семејства...зар не? како и да е...Поздрав. п.с Што ги мешате монасите сега? Нема смисла,тие се составен дел од црквата и од нашата култура и традиција..Да не заборавиме дека црквата и монашкото движење и постоење во многуте години на окупација дале и тоа како голем придонес за зачувувањето на нашиот идентитет и националните вредности и одлики.тие си ја работаст својата работа.Нивното обвинување за вакви работи..е помалку срамно! Ете...тоа е мојот став.Можеби и не е точен,ама ете тоа е! :) Поздрав до сите родители..тие сепак поубаво знаат од мене!
(frustrislava 28 Април, 2008 - 10:59) со што ќе се ранат децата?
http://thecakeprincess.blogspot.com/
бујрумлари :) мислам дека дури и cookie ќе биде задоволна :)
(strumjan 28 Април, 2008 - 12:07) Интерпретер – мудрите земји даваат за секое дете.
Волан – за такво нешто потребни ќе им се повеќе мандати.
Публикум – оти тогаш владата не се пресели во Брод (Македонски) оттаму можеби по ќе се знае каде пловиме :)
Луда главо – така почна и заврши емисијата – со зајци :)
Кукбук – неспорна е мисијата монашка, спорно е што некој ќе воведува закон за казнување целибат.
Либерте – па тоа е финтата, да го бараме проблемот каде е, ама не со такви „ниски“ трикчиња, а за монасите ред погоре :)
Фрустислава – њам-њам
(cOOOklOOOk 28 Април, 2008 - 16:19) За таков закон не сум чула!
Мислам дека секој е способен да си одреди како сака да го живее животот!без разлика дали мене ми се допаѓа или не.
И хомосексуалните(педериштата) сакаат да се заштитат со закон.Ако тргнеме така ни требаат многу амандмани односно нови закони!
Нека се носаат сите у ПМ!
Прави како ти вели внатрешниот глас(совеста) и не мери многу,пошто ќе завлезеш у други води а тие се секако матни па ќе те бунат!
(cOOOklOOOk 28 Април, 2008 - 16:20) фрусти ако се ко мене домаќинки лесно ќе се справат со децата.Него и децата прибират!
(Vojvodataa 28 Април, 2008 - 22:32) А ќе се чудиш ли кога ќе ти се спомне дека се топиме како коцка шеќер во чај од хибискус. Ќе се чудиш ли кога ќе ги видиш статистичките податоци за морталитет и наталитет во Македонија. Ќе се чудиш ли кога ќе го разгледаш сосетството во кое живееме како македонци и секако нашите внатрешни прилики.
(Publikum 28 Април, 2008 - 22:39) Погоре напишав.
Во Скопје се централизирани институциите а производството е распространето низ државата, само кој како го ракувал. Многу убаво се сеќавам кога внатрешноста имаше поголеми примања. Тие во ЕМО беа недостижни за повеќето скопски фирми.
(Партик 28 Април, 2008 - 23:50) Европа се соочува со пад на наталитетот...тоа е секаде тренд. Високоразвиените земји стануваат „стари нации“, или земји на старци. Но и тие се загрижени поради тоа, па ги мотивираат своите граѓани за повеќедетни семејства.А факт е дека за одржување на соодносот ,т.е. ако размислуваме за демографска политика- третото дете ќе ја спаси Македонија.
(INSOMNIA... 29 Април, 2008 - 00:02) Ништо чудно за 15 години да станеме малцинство во сопствената држава.
(kondor62 29 Април, 2008 - 00:12) инсомниа нашата нациа старее, за помалку од 20 години ќе бидеме земја на старци.
(cOOOklOOOk 29 Април, 2008 - 00:18) Затоа тие што немаат деца одма еден комад нека прават тие што имаат 1 на второ па после ние со по две ќе идеме на трето!
(INSOMNIA... 29 Април, 2008 - 00:19) Тоа е бела чума пријателе а никој сероизно не размислува за ова. Оваа маратонска транзиција читај - општ грабеж на народот, успеа да уништи 80% бракови кои завршија со разводи, самохраните родители незнаат што со себе а не па да мислат на втор брак. Да не зборам младите не сакаат да слушнат за брак... оваа ситуација е загрижувачка.
(nil 29 Април, 2008 - 00:32) ИНС... се согласувам со тебе и твоите констатации но
мора да се гледа напред
не знам за тебе и другите
ама јас размислувам за трето ;)
(kondor62 29 Април, 2008 - 00:32) и оваа твоја констатација инсомниа за жал е точна, потврдено од сигурни извори, но олигархијата мисли само за себе а не за народот
(mladic 29 Април, 2008 - 00:39) Еве реакција од едно здружение на оваа тема.
Поздрав:
http://blog.com.mk/node/152792
(INSOMNIA... 29 Април, 2008 - 00:42) Нил не се многу три деца, децата се богатство, букетчето е убаво кога е шарено , прошарај малку :)
Кондор олигарсиве не мора да мислат, тие одамна измислија, за себе направија капитал за 4 генерации после нив. Остана ние обичните смртници да се мислиме со прстот во уста, кој хонорарец, кој без работа кој на грбот на пензиичките од родител, кој летнат во странство на печалба. Овде ќорсокак. Кој како се снајде да преживее, достојно или недостојно...
а кој може и Бог нека му помогне за трето дете. Нека се раѓаат Македонци, зошто еден ден навистина ќе не нема.
(kondor62 29 Април, 2008 - 00:47) инсомниа и јас сум за тоа да се раѓаат македонци, но треба под итно нешто да се направи, па МПЦ ако алармира нека најде начин да им се помогне на сите оние кои ќе имаат трето дете а и РМ зошто да не, нека биде дел од предизборната кампања давање субвенции за секое трето дете, од раѓање па до негово вработување и формирање на семејство.Но сепак мислам треба да биде сето тоа од МПЦ зошто се работи за нас
(strumjan 29 Април, 2008 - 07:17) Војводатаа – не! до нас е!
Патрик – неспорно, но дека со казни и со пропаганда тоа се прави?!
Инсомниа – ете тоа е тоа, проблемот е во таа предолга транзиција, а не дека со сила ќе го решиш природот.
Конкорд62 – и тоа истоштени старци кои со своите пензии ги издржуваат младите :(
Нил – дај Боже!
Конкорд62 – не само трето да се поддржува, секое дете треба да се поттикне оти е даночен обврзник на државата ако ништо друго! И не треба тоа да биде од МПЦ туку од Македонија! Но законотворците нека се замислат малку поубаво, не надве-натри да носат закони со далекусежни последици.
(виолетова 29 Април, 2008 - 08:20) повеќето што коментирале се фатија за моментот `трето дете`
и ја прескокнаа суштината на целава работа:
со закони и казни не се подобрува наталитетот
туку со поддршка и поттик ;(
п.с. исто како да бараш луѓето да прават секс под присила
а не од љубов и задоволство
(Meceto Usko 29 Април, 2008 - 08:29) Компјутеризација, обавезно средно образование, образувај се, не на пороците, ТРЕТО ДЕТЕ, ова кампањиве ме тераат да се осеќам како SUPER MACEDONISHE или подобро да кажам ÜBER MACEDONISHE.
Како татко на едно дете, кој веќе размислува на трето, кампањава ја примив со невиден сарказам, чиста бљувотина.
Тоа е голема тема, ако имам време ќе чкрапнам нешто за неа.
(виолетова 27 Април, 2008 - 22:08) аааааааа, не!
доста ми е едново, хаха
(виолетова 29 Април, 2008 - 08:20) повеќето што коментирале се фатија за моментот `трето дете`
и ја прескокнаа суштината на целава работа:
со закони и казни не се подобрува наталитетот
туку со поддршка и поттик
п.с. исто како да бараш луѓето да прават секс под присила
а не од љубов и задоволство
(казна 29 Април, 2008 - 08:56) Ете која била суштината. Само каде виде дека се спомнуваат закони и казни? Изгледа ништо не си разбрала.
(виолетова 29 Април, 2008 - 09:04) хаха, многу сакам вакви умни аналитичари на моите коментари ;)
нигде не видов, го прочитав постот - и двата збора се содржат :)
(казна 29 Април, 2008 - 09:10) Затоа ништо не си разбрала. Го виде зборот целибат и зборот монасите?
(виолетова 29 Април, 2008 - 09:17) аха, бидејќи ти сè си разбрал, а јас ништо
тогаш немам што да се објаснувам повеќе со тебе
за промена пробај објасни го постот по свое :)
(Meceto Usko 29 Април, 2008 - 09:18) Казна, Што праиш човече што се расправаш безвезе. Ем се сложуваш со постот ем се расправш со истомислениците. Што сакаш, биди јасен.
(Vojvodataa 29 Април, 2008 - 09:18) Партик во еден од коментариве рече “ и европските земји се соочуваат со истото“ Се соочуваат точно е , но ние сме мали, со нашата ситуација внатре, околу нашата земја и нормално следејќи го трендот на глобализација и интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ , мешањето на разни култури, јазици и сл. македонскиот народ може да се изгуби. А секако еден од лековите , освен силно да си се држиме и да си ги негуваме нашите културни, национални и историски чуства, секако е и менувањето на онаа традиција “до две деца“.Мислам дека таквата иницијатива и кампања треба да биде подржана од секого, без разлика дали имала помала или поголема мана. Најбитно е да почне да се зборува и да почне да се размислува меѓу луѓето за зголемување на семејството.
(Meceto Usko 29 Април, 2008 - 09:25) Војвода, да треба да има кампања ама а биде подржана со нешто.
За трето дете во Србија семејството добива околу 2000 ЕВРА не ме држи точно за збор околу, значи нешто повеќе или помалку.
Во Бугарија за млади брачни парови со деца, државата ја превзема одговорноста за главницата од уплатен стан за живеење. Фамилијата ги плаќа ратите и каматите.
Така се прави популациона политика пријателче, а не со дрндање по телевизии и билборди. Направи некој ваков потег па дрндај по медиуми. Сите ќе го подржиме.
Уште нешто.
Во Македонија нема намалување на наталитетот. Причина е што мусклиманската популација која сочинува околу 30% од населението има солиден наталитет и таа го подобрува лошиот просек на останатите 70%. Што значи според бројки ние и не стоиме така лошо во споредба со Европските земји.
Е сега ако се сака да се влијае на оние 70% да го зголемат наталитетот, смешно е да ја вклучуваш владата. Тука треба да си ја одигра улогата црквата и оние брадати евнуси кој секој ден парадираат околу соборна во џипови и скапи лимузини. Црквата треба да си воведе свој проект во подршка на своите верници за трето дете, преку, пари во еднократна помош, облека, школување и слично. Па макар и едни пелени да дава за едно дете многу ќе направи.
Твојот етнопатриотизам ти е слабо поткован мој ВОЈВОДО.
(РУЧНА 29 Април, 2008 - 09:32) Јас сум за повеќе од 3, али со различни жени! :)
(казна 29 Април, 2008 - 09:33) Meceto Usko,несакам вообразени сезнајковци кои се’ знаат а другите ништо незнаат.
(Meceto Usko 29 Април, 2008 - 09:37) Зошто сезнајковци...,зошто вообразени ајде поткрепи со некој факт...не си ми јасен.
Овде збориме за трето дете и кампањата околу тоа.
(Meceto Usko 29 Април, 2008 - 09:38) Браос бе ручна, да си жив и здрав има потенцијал младинава наша.
Положи ли возачки испит? :)
(виолетова 29 Април, 2008 - 09:45) Мече, имаш право за црквата
таа треба оваа кампања да ја води -
за да ни се множат христијаните
(РУЧНА 29 Април, 2008 - 10:07) Ушко....Јас навивам за младината бе чоек. :)
Положив ја, омладинецу мој, за ручна кога се полагаше
на времето у парк...млад си ти, не знаеш кај беше тумбата
за ручна! ;)
(Meceto Usko 29 Април, 2008 - 10:13) Па не сум ни толку голобрад, јес да бев меѓу првите кој положи откако се воведоа приватните комисии за полагање. :)
Ама Ручна па не сме ваљда и ние престарени за деца од повеќе жени мајуму стара. :)
Уште да најдеме кој да ги рани и ќе ги задоволиме сите владини критериуми за ТРЕТО ДЕТЕ.
(Meceto Usko 29 Април, 2008 - 11:50) Еве еден допринос во симнување на лицемерието како фах на на македонското битисување. ТРЕТО ДЕТЕ - лицемерие без граници
Ајт се изморив од коментирање, ионака многу многу не ве тангира темава, одите и разговарајте за ИМЕТО, насушно.
(zabavnjak 29 Април, 2008 - 12:30) Лицемерие од страна на Груевски колку сакаш! Па цела бивша Влада нема во просек ни 1 дете по министер! Срамота е да се навредува сопствениот народ!
(1979 29 Април, 2008 - 16:49) Вие ли бедни СДСмовци најдовте да коментирате. Барем се труди нешто оваа влада да помогне. Сигурен сум дека после изборите новата влада на Груевски со повеќе мерки ќе им помогне на семејствата со 3 и повеќе деца. За разлика од ИЗРОДИТЕ, АНТИМАКЕДОНЦИТЕ И ПОЛТРОНИТЕ во СДСм кои мислеа само како да го украдат, уништат и обезличат овој напатен народ. Мислеа како да направат коалиција СО АЛИ АХМЕТИ -УБИЕЦОТ И КАСАПИНОТ на македонските војници и полицајци. Мислеа како да ја продадат западна Македонија на терористите преку СДСмовската територијална поделба, така што сега таму нема ни една општина со мнозинско македонско население. Иде 1-ви. Народот ќе ви пресуди изроди.
(РУЧНА 29 Април, 2008 - 22:42) 1979, после ова твоево...Барем се труди нешто оваа влада да помогне. ..
да те прашам. Што да ни помогне во оваа кампања?
АКО НЕ ДУПАТ НЕ ЗНАЧИ ДЕКА И ДЕЦА ТРЕБА ДА НИ НАПРААТ!?? :)
(molika 30 Април, 2008 - 15:37) Убаво резонирање. Ми се допаѓа.