Опис на Европа даден во романот „Арарат“ од
Лајош Зилахи (
Lajos Zilahy), чиј превод годинава ќе биде објавен на Македонски.
„Европа на крајот од векот, барем она што можеше да се види од неа, блескаше,
свиреше и се вртеше опијанета од самата себе си, како џиновска елка
натоварена со украси, во чие подножје има скриен механизам што свири
занесни мелодии како
Год сејв д’кинг,
Гот ерхалте или
Дојчланд, Дојчланд ибер алес.
Покрај таа елка седи минатиот век со коса бела како снег, налик на
бабичка, на која ѝ се додворуваа уште Метерних, Дизраели и Бизмарк, и
седи со ист став како и матроната на сигурноста Секуритас, како што ја
прикажуваше римскиот народ, само што наместо копје во десната рака ги
држеше иглите за плетење на кралицата Викторија и која, потпирајќи го
својот полничок образ врз показалецот од левата рака, восхитувајќи им се
притоа на своите внуци, понекогаш и си задремуваше. Елката се вртеше:
во Париз, на ревиските сцени жените се слекуваа сосем голи, дебелите
малограѓани на малечката Холандија го собираа златото од далечните
џиновски острови, Италија само го остреше својот прекрасен баритон, а во
Берлин дури и полицајците сметаа дека веќе самата пристојност бара од
нив да бидат хомосексуалци.“
(Објавено на 09.05.2008)
Коментари:
(виолетова 9 Мај, 2008 - 08:36) од пристојност да бидат хомосексуалци? хаха
(Viktor90 9 Мај, 2008 - 09:20) Струмјан, прилично апологетски.
(С.Ц. 9 Мај, 2008 - 09:46) Имам чувство дека никаде не итаме, т.е. дека упорно и гордо тапкаме во место.
(By Jove 10 Мај, 2008 - 03:30) Off topic - Јас сум во САД и се обидувам да отворам блог на www.blog.com.mk , но никако не ми успева,ЗОШТО?
(strumjan 10 Мај, 2008 - 07:41) Јове провери си на мејл :) Ако немаш добиено од мене, контактирај ме ти, ете го десно пишан мојот мејл.