Оригинален рецепт за квас:
6 литра млака вода
600 грама шеќер се додаваат во водата
една коцка квасец се растопува во водата
по добро размешување со течноста полниме шишиња, два сантиметри до врвот
Затворени шишињата стојат на собна температура час или два, зависно колку сакате да реже пијалакот
Откако на шишињата ќе се нафатат меурчиња (балончиња:) ставете ги во фрижидер.
Откако добро ќе се изладат, тоа е обично утредента, можете да пиете.
Турбо рецепт за квас:
Во шишињата ставате неколку сантиметри сируп за сок. Повкусно е ако е сирупот со светла боја (лимон, мандарина...)
Потоа во шишињата додавате млака вода, значи си растворате сок :)
Од коцката квасец кршите парче и го ставате во шишето. На 1.5л. шише би му дошло четвртинка коцка. (Предноста е што може да си приготвите и само едно шише)
Шишињата добро затворени стојат на собна температура онолку долго колку што сакате да реже пијалакот
Па во фрижидер и утредента пиење.
Јас си го правам турбо рецептот, со сируп од лимон, оставам 30-45 минути да стојат шишињата на собна температура и добивам нешто слично на Швепс :)
(Објавено на 10.06.2008)
Коментари:
(prezviterkozma 10 Јули, 2008 - 21:43) ние (пиво)квасот го остававме 24 часа, завиен во ќебиња да „врие“, па после го пиевме... :)
поздрав... :)
(виолетова 10 Јули, 2008 - 23:46) ова треба да се проба
посебно затоа што сакам Швепс :)
(виолетова 11 Јули, 2008 - 18:00) денеска читав за квас со лимон дека бил природен лек против висок холестерол, вишок килограми... и заборавив што уште :)
(strumjan 11 Јули, 2008 - 22:37) Да, може да се стокми со лимони,мелени и оставени да отстојат една вечер во вода. Утредента со прецедената вода да се направи квас. Е тоа е најслично до Швепс, поради горчината на кората од лимонот :)
(literanova 11 Јули, 2008 - 22:43) пет плус за рецептот...не сум пиел ама ме заинтересира здраво... кој ќе дочека да осамне и да отворат продавниците...