Ми помина Осман бегот мила мајчице, умрев за него...
Опа, кај опева непријател па уште и се заљубува во него.
Сè си имам либе Димчо, само едно немам - од срце порода...
Ццц, едно нема а не пак до трето дете да стигне.
Три невесте тикве брале бре. Куде брале туј заспале бре...
За малку бре! Убаво што промовираат земјоделско производство, ама какво е тоа спиење, треба ли да се работи, да се сади и гради татковината? Какви тоа вредности ќе промовираме кај младите луѓе?
На 223 305 те чекам драга јави се...
Какво нарушување на редот, па секој вистински маж знае дека машкото треба да биде прв што ќе се јави. И, плус, што е тоа по цел ден на телефони, а учење, работа?
Никој Тодорка не позна дека е Тодорка девојка...
Што сака да каже, дека била грда, дека личела на машко? Ало ЛГБТ заедницо камо реакција?
Свет си мој, а ниту име не ти знам...
Како бре не знаеш, па нели „Едно име имаме, во душата го носиме...“? Всушност, имаме и едно привремено, ама тешко е за пеење. Ај здравје ќе го смениме, привремено де.
Зајди, зајди јасно сонце и ти јасна, ле, месечино...
Па добро, кај е патриотизмот тука?! Какво бре црно заоѓање на сонцето, нашиот вековен симбол? Па и месечината, а соживот?
...Набројте си примери по ваш избор...
Муабетот ми беше: Песниве, такви какви што се, си опстанале низ годините само затоа што се помалку или повеќе добри. И затоа што допреле до срцата кои ги зачувале за иднината.
Ако е нешто добро не му се потребни субвенции за да опстане. А за да направиш нешто добро треба Господ да ти даде, не владата.
Showing posts with label блог. Show all posts
Showing posts with label блог. Show all posts
18/04/2013
25/03/2012
Тито vs. Тиесто
Па добро бе крастави капиталисти!
Зар заборавивте колку ви беше убаво со мене?
Па само 27 години има поминато оттогаш и вие веќе славите!
Мамичето ваше американизирано!
Место солзи да лeете вие ќе пеете! И младината место да ја учите кој сум и колкав човек сум, вие ќе ја мкнете по концерти на некој си диџеј Тесто... Тиесто, како ли е?
Јас за мерак да ви направам го учев на времето и Тешкото да го играм, а вие Тестото!
Кај погодивте да го викате тој Тестото на денот кога јас заминав од кај вас и дојдов во рајов?!
Ова ли ми е фала за тоа што ве водев такви слепци во посветла иднина?
Неблагодарници! Гледав и при умирање да ви удоволам, па умрев на исти ден со вашиот Гоце, а вие мене вака...
Само нека, нека, има меѓу вас уште црвени сили кои ме почитуваат а го сакаат и Тесто диџејот, тие вам ќе ви судат.
Јас веќе токмам тука Голорајски оток само за вас.
П.С. А-а, гледам ги наполнивте гаќите и вие и оној Тесто па ќе го одлагате концертот до еден по полноќ, само да не ве фати клетвата!
Ќе биде од вас пионери, ќе биде!
Зборува Тито
Па, добро бре, мамицата империјалистичка!
Толку време мина откако ве оставив сами, а вие...
Ај, од република - држава направивте. Ај, од комунисти - демократи направивте. Од другарки и другари - госпоѓи и господа. Ама оти дозволивте, трулиот запад, да ви наметне и маркетинг-религија?
Па нели ве учев дека религијата е опиум за народот?!
А вие шмркате ли шмркате! Толку сте се навлекле, на Голи оток човек да ве однесе, камениот прав ќе го шмркате!
Ние во Јајце го кршевме отпорот на непријателот, а вие сега јајца кршите. И, ај, додека ги вапцавте црвени некако и ви простував, ама сега гледам сите бои сте ги опнале, па и Нато бојата бре, мамето капиталистичко!
Само да ви кажам, ве лажат оти не чинел комунизмот.
Ако не чинел, зошто овде, на небово, владее чист комунизам?
Секому му даваат според потребите и заслугите, нема што нема. Сите сме иста класа, нема поеднакви меѓу еднаквите. Комунизам над комунизмите! А бе рај, што би рекле вие долу. Жими пурава!
И една другарска критика до вас.
Добро бе, информбировци едни! Јас и таму и тука се утепав лобирајќи за вас. Врски на сите страни испофаќав за да ве биде, а вие како ми враќате?
Со биртии некакви!
Сталинисти!
И сé тоа оти слепо им верувате на Американците!
Северен блок - ладен блок. Море и лажен блок. Уште на времето тие ми нудеа помош, те пари те чуда, ама јас не бев наивен како вас. Од сите подароци, само јајцата од Труман ги прифатив. добро де и по некое чоколатце.
А вие - сé!
Е па сé, ама да ве видам кога ќе треба да ги вапцате јајцата, од Труман!
Буржуи низаедни!
Како почна
Сурфам јас така, како што е нормално, те ХХХ те Рапид, ова-она... кога слушам трешти нешто.
Си викам: тоа моите пробуваат да ме тргнат од компјутерот или за вечера или за да одиме кај некоја досадна тетка која ќе го слави сто и којзнаекој роденден.
Трас. Втор пат.
Ми заигра сликата на мониторот, баш кога една си ги тресеше разголените, па си реков од тоа е.
На третото „Трас“ ми откажа WiFi-то, ми се појави некоја чудна слика на екранот, некоја рака со фино маникирани нокти и ми впери прст во мене.
Дури тогаш сетив мирис на чадено месо.
Станав да си земам грицки и минувајќи крај огледалото гледам сурат како со „Sin city“ технологија да е правен. Ќумуросан, со црвени очи и фризура „штекер“.
Инстинктивно се стрчав назад кон компјутерот.
Таму тоа прстот ми клати заканувачки, а Skype-прозорчето ми рипаше - демек некој ме бара.
Е ај, си реков. Турив слушалките и го прифатив повикот.
- Слушај Боге овде Бог е!
- Ник и Аватар имаш?
- Немој ти мене со тие индо-американски филозофии, туку слушај убаво што ќе ти кажам!
- ???
- Од овој миг, ти ќе бидеш моја десна рака.
- Јас... јас да судам и пресудувам заедно со тебе?!
- Не преносна, туку буквална десна рака, а можеш да се служиш и со левата. Од денес ти ќе пишуваш на блог место мене!
- Ама јас ниту блогирам, ниту сакам, а ниту знам како...
- Немај гајле, сé сум ти средил. Сé е наместено, ти само треба да внесуваш. Еве ти корисничко име **** и шифра ********!
- И сега јас треба да мислам што да пишувам?!
- Не, скраја да е, ги знам јас твоите мисли!
- ?!!
- Ќе пишуваш сé што ќе ти кажам Јас или некој друг од горниов свет!
- А како ќе ми кажувате?
- Наша работа, важно е ти да објавуваш за да може народот да ја види нашата порака.
- Избор немам, нели?
- За среќа, не!
Демостен
Сите си мислеа оти јас сум ти бил народен филозоф, демек Демос, па Демостен, па така.
Првото го погодуваа, дека е за народот, ама вториот дел...
Јас бев за остен!
Остен за народот!
Така де. Ќе му даваш демократија на овој и ваков народ. Море удри таму.
Ако со ќотек не му го скршиш `рбетот, народот ќе ти стане безрбетен. Барем мнозинството.
И што ќе ти е таков народ. Ти се лигави и мрсулави, ти се упикува во чмарот, што се вели, не можеш на раат по нужда да си одиш.
Значи јасно е, јас верував во тоа дека остенот е од рајот излезен.
Дури не дојдов овде и не налетав на еден американец кој се смееше кога му објаснив што значи остен, оти рече дем знаел што значи.
Испадна дека јас не сум знаел.
Кога ми кажа и јас пукнав од смеење сфаќајќи ја мојата животна иронија.
Името да ми ти значело „остен по ѓаволите“!
Damn остен!
Луто макало
Не знам за странцине (што ги спомнува Рибаро), ама нашиот народ има еден лек:
Земаш лута пиперка од везените што ги сушиме под стреите, ја вариш со вода во едно лонче како за чај. Потоа во водата додади си малку сол ако ти е за вкус и испиј ја.
Топла, се разбира.
Ќе прочуриш од секаде ама има ефект против настинка, грлоболка и слично.
Да не речеш оти те маткам, јас си правам вака:
во едно тенџере ставам пиперки лути везени, компири лупени, кромид лупен и сол. Ги варам додека не омекне компирот. Потоа цедам, водата ја пијам, барем една чаша, а мастрафот го пасирам и си добивам луто макало за неколку дена.
Не знаеш што е поубаво.
(Објавено на 21.03.2007)
Коментар:
(RIBARO 21 Март, 2007 - 22:38) Струмјан, глеј прај, че ме носиш на душа :) А овај рецептов со макалово бааѓи вкуен се чини, треба да се препорача кај Кукбук.
Subscribe to:
Posts (Atom)