Showing posts with label потреба. Show all posts
Showing posts with label потреба. Show all posts

18/04/2013

Субвенции за дарба

Ми помина Осман бегот мила мајчице, умрев за него...
Опа, кај опева непријател па уште и се заљубува во него.

Сè си имам либе Димчо, само едно немам - од срце порода...
Ццц, едно нема а не пак до трето дете да стигне.

Три невесте тикве брале бре. Куде брале туј заспале бре...
За малку бре! Убаво што промовираат земјоделско производство, ама какво е тоа спиење, треба ли да се работи, да се сади и гради татковината? Какви тоа вредности ќе промовираме кај младите луѓе?

На 223 305 те чекам драга јави се...
Какво нарушување на редот, па секој вистински маж знае дека машкото треба да биде прв што ќе се јави. И, плус, што е тоа по цел ден на телефони, а учење, работа?

Никој Тодорка не позна дека е Тодорка девојка...
Што сака да каже, дека била грда, дека личела на машко? Ало ЛГБТ заедницо камо реакција?

Свет си мој, а ниту име не ти знам...
Како бре не знаеш, па нели „Едно име имаме, во душата го носиме...“? Всушност, имаме и едно привремено, ама тешко е за пеење. Ај здравје ќе го смениме, привремено де.

Зајди, зајди јасно сонце и ти јасна, ле, месечино...
Па добро, кај е патриотизмот тука?! Какво бре црно заоѓање на сонцето, нашиот вековен симбол? Па и месечината, а соживот?

...Набројте си примери по ваш избор...

Муабетот ми беше: Песниве, такви какви што се, си опстанале низ годините само затоа што се помалку или повеќе добри. И затоа што допреле до срцата кои ги зачувале за иднината. Ако е нешто добро не му се потребни субвенции за да опстане. А за да направиш нешто добро треба Господ да ти даде, не владата.

13/05/2012

ПМС… море сè во три ПМС!

Велат дека ПМС траел просечно една недела.
Е лажат бе! Прашајте ги машките! И нема еден ПМС туку има три ПМС!

  • Прва недела ПМС = Пред Менструален Синдром;
  • Втора недела ПМС = При Менструален Синдром и
  • Трета недела ПМС = Пост Менструален Синдорм!

Кој од кој ПМС полош!
И налет другото, ај да те видам живеј нормално со само една недела месечно?!

(Објавено на 24.05.2010)
Коментари:
on 24/05/2010 at 20:44 виолетова Said: ц ц ц , стварно ви е тешко на вас машките :) )))
on 25/05/2010 at 16:45 gocajаska Said: … ХА,ХА … абе … најди си неколку во различна кобинација … ха,ха … но ! … ако ти се исплати математиката 8-) …

01/04/2012

Освежи се!

А и другите околу себе :) Некој знае, некој не, како се прави квас. Пијалак кој барем во мојата фамилија одамна се користи како освежување, но и како извор на здравје. Едноставен е за подготовка. Ќе ви го кажам оригиналниот рецепт и модерниот, забразаниот, турбо рецепт.
Оригинален рецепт за квас: 6 литра млака вода 600 грама шеќер се додаваат во водата една коцка квасец се растопува во водата по добро размешување со течноста полниме шишиња, два сантиметри до врвот Затворени шишињата стојат на собна температура час или два, зависно колку сакате да реже пијалакот Откако на шишињата ќе се нафатат меурчиња (балончиња:) ставете ги во фрижидер. Откако добро ќе се изладат, тоа е обично утредента, можете да пиете. 
Турбо рецепт за квас: Во шишињата ставате неколку сантиметри сируп за сок. Повкусно е ако е сирупот со светла боја (лимон, мандарина...) Потоа во шишињата додавате млака вода, значи си растворате сок :) Од коцката квасец кршите парче и го ставате во шишето. На 1.5л. шише би му дошло четвртинка коцка. (Предноста е што може да си приготвите и само едно шише) Шишињата добро затворени стојат на собна температура онолку долго колку што сакате да реже пијалакот Па во фрижидер и утредента пиење. Јас си го правам турбо рецептот, со сируп од лимон, оставам 30-45 минути да стојат шишињата на собна температура и добивам нешто слично на Швепс :) 

(Објавено на 10.06.2008)

Коментари:
(prezviterkozma 10 Јули, 2008 - 21:43) ние (пиво)квасот го остававме 24 часа, завиен во ќебиња да „врие“, па после го пиевме... :) поздрав... :) 
(виолетова 10 Јули, 2008 - 23:46) ова треба да се проба посебно затоа што сакам Швепс :) 
(виолетова 11 Јули, 2008 - 18:00) денеска читав за квас со лимон дека бил природен лек против висок холестерол, вишок килограми... и заборавив што уште :) 
(strumjan 11 Јули, 2008 - 22:37) Да, може да се стокми со лимони,мелени и оставени да отстојат една вечер во вода. Утредента со прецедената вода да се направи квас. Е тоа е најслично до Швепс, поради горчината на кората од лимонот :) 
(literanova 11 Јули, 2008 - 22:43) пет плус за рецептот...не сум пиел ама ме заинтересира здраво... кој ќе дочека да осамне и да отворат продавниците... 

20/07/2007

Библиотека и тоа отворена

Да има и други по интернетов, ама предноста на Open Library е што не се „бафта“ со големите заштитници на авторски права, туку си поставува книги кои се општонародно добро или јавна сопственост (public domain).
Open Library е сé уште демо, се полни со книги, за официјалното отворање во октомври.
Книгите се скенирани, така што не ја вдишувате прашината додека ги прелистувате.
Пребарувањето е овозможено низ секоја книга, а како општонародни, можете и да си ги преземете на Вашиот компјутер во .pdf формат.
Некои ќе можете и да ги слушате ако е активна опцијата Listen.
Дури има и опција да си нарачате печатен примерок преку Lulu сервисот, но колку и како, особено за Македонија, не знам.

извор: The Internet Archive launches Open Library