Showing posts with label епиграми. Show all posts
Showing posts with label епиграми. Show all posts

01/03/2007

Животен круг

Ќе дојде од твоите наследници некој,
ќе разбуричка сé што си збирал со векој.
Малку ќе чува, многу ќе фрли,
дур ти утеха бараш во гладните црви.

Магија

Фрлаш огледало
се фрлаш себеси.
Те наоѓа друг,
се наоѓа себеси.

Сенка

Родител и е Сонцето,
а таа е темна.
Сите ја газат,
а пак останува чедна.

Рубикон

Крај реката стои,
мисла го мори:
коцка фрли
круг се стори.

Кревет

Може да биде нестварно убав
или пак обична даска
битно е само сон да ти дари,
на јавето волшебна маска.

Закон

Од памтивек има закон
за луѓето од секоја боја,
кревајќи се угоре да губат
од големината своја.

Ајвар

Пиперка црвена
ко крвава рана,
патлиџан, масло, сол,
луто по желба
и ете ти боговска храна.

Последица

Кога два компира се борат
за некој залак крупен
секогаш народот
останува лупен.