18/04/2013
Субвенции за дарба
Опа, кај опева непријател па уште и се заљубува во него.
Сè си имам либе Димчо, само едно немам - од срце порода...
Ццц, едно нема а не пак до трето дете да стигне.
Три невесте тикве брале бре. Куде брале туј заспале бре...
За малку бре! Убаво што промовираат земјоделско производство, ама какво е тоа спиење, треба ли да се работи, да се сади и гради татковината? Какви тоа вредности ќе промовираме кај младите луѓе?
На 223 305 те чекам драга јави се...
Какво нарушување на редот, па секој вистински маж знае дека машкото треба да биде прв што ќе се јави. И, плус, што е тоа по цел ден на телефони, а учење, работа?
Никој Тодорка не позна дека е Тодорка девојка...
Што сака да каже, дека била грда, дека личела на машко? Ало ЛГБТ заедницо камо реакција?
Свет си мој, а ниту име не ти знам...
Како бре не знаеш, па нели „Едно име имаме, во душата го носиме...“? Всушност, имаме и едно привремено, ама тешко е за пеење. Ај здравје ќе го смениме, привремено де.
Зајди, зајди јасно сонце и ти јасна, ле, месечино...
Па добро, кај е патриотизмот тука?! Какво бре црно заоѓање на сонцето, нашиот вековен симбол? Па и месечината, а соживот?
...Набројте си примери по ваш избор...
Муабетот ми беше: Песниве, такви какви што се, си опстанале низ годините само затоа што се помалку или повеќе добри. И затоа што допреле до срцата кои ги зачувале за иднината. Ако е нешто добро не му се потребни субвенции за да опстане. А за да направиш нешто добро треба Господ да ти даде, не владата.
13/05/2012
Ако – превод: Ана Пејчинова
Ја имав ставено еднаш, но еве сега Михаил Бошковски Мице ми ја прати музички илустрирана и верзијата од Ана Пејчинова.
Текстот на Ана е објавен на нејзиниот стар блог.
Читајте, слушајте, уживајте…
(Објавено на 11.05.2011)
Коментари:
on 11/05/2011 at 22:05 виолетова Said: Еј браво! Супер е :)
on 12/05/2011 at 07:33 ogisinkos Said: Bravo
on 12/05/2011 at 08:07 nerzima Said: Strumjan Ме погоди …… Само тешкотијата е што на крај сепак останува она АКО, кое е најтешко да се дефинира и секогаш остава сомневање кај нас…:(И се прашувам, има ли среќник кој сето горекажано може да го повтори ама без условот АКО …… Инаку,дојдов,позајмив ама и те спомнав на сите околу мене….:) Поздрав
on 12/05/2011 at 08:13 nerzima Said: Во суштина ….среќата не е во совршенството,туку во умереноста….. Колку е едноставно :)
on 12/05/2011 at 13:27 Isnifaris Said: Voa Tikvesko Ezero li e?
on 12/05/2011 at 13:56 strumjan Said: Според МРТ, видеото е преземено од репортажа насловена „Мавровска порта“, па претпоставувам дека не е Тиквешко :)
on 14/05/2011 at 08:32 mariage Said:
О, если ты не потеряешь разум
В то время, когда головы пусты;
И если в недоверии заразном
Поверишь сам в себя; и если ты
Способен ждать не уставая или,
Оболганный, не врать другим в лицо,
Не навредить, когда тебе вредили,
Ни щёголем не быть, ни мудрецом;
ПМС… море сè во три ПМС!
Велат дека ПМС траел просечно една недела.
Е лажат бе! Прашајте ги машките! И нема еден ПМС туку има три ПМС!
- Прва недела ПМС = Пред Менструален Синдром;
- Втора недела ПМС = При Менструален Синдром и
- Трета недела ПМС = Пост Менструален Синдорм!
Кој од кој ПМС полош!
И налет другото, ај да те видам живеј нормално со само една недела месечно?!
(Објавено на 24.05.2010)
Коментари:
on 24/05/2010 at 20:44 виолетова Said: ц ц ц , стварно ви е тешко на вас машките :) )))
on 25/05/2010 at 16:45 gocajаska Said: … ХА,ХА … абе … најди си неколку во различна кобинација … ха,ха … но ! … ако ти се исплати математиката 8-) …
Ние и сите ОНИ
Ај да не се фалам, ама така ми дојде! Прво си ја „искасапив“ наменски музиката од Гоце Арнаудов, а после си најдов соодветни клипчиња на тоа нетот.
Сакам да кажам, приказната за нашиот однос со ЕУ, НАТО и сите ОНИ.
Трик за полесно следење: ние не сме морковот!
(Објавено на 26.01.2010)
Коментари:
on 26/01/2010 at 20:41 partik Said: А изгледа не сме ни раката што го држи стапот…
on 26/01/2010 at 20:52 prezviterkozma Said: супер! е, па тогаш… можат ОНИ да ни се фатат за стапот… :D хахаха…. :)
on 26/01/2010 at 20:58 gocajаska Said: … нашиот однос … со ЕУ и НАТО арно си го искасапил … и ондак красил со Гоце Арнаутов :) ))) …
Ако – на Македонски со титл!
Еве ја песната „Ако“ од Радјард Киплинг овојпат на Македонски со сите нишани.
Песната е во интерпретација на Софија Гогова Врчаковска, а за аудиото му благодарам на Михаил Бошковски Мице кој ми го позајми. Видеото го позајмив од јутјуб каналот на МРТ. Ми недостига информацијата чиј е овој препев, но и вака е убава :)
(Објавено на 24.01.2010)
Коментари:
on 24/01/2010 at 13:40 bezimenasoime Said: Струмјане, Браво за постов! Браво и за екипата во овој потфат – не знаев дека “Ако“ ја има дефинитивно и на македонски! Ти благодарам! :)
on 24/01/2010 at 13:43 lupcobocvarov Said: Леле, ама задоцнето палење имате: Ова е вистинскиот препев на “Ако“ како што доликува за еден маж. Се извинувам што се уфрлам ама врз основа на преводот на госпоѓицата Ана Пејчинова направив машки препев на “Ако“ од Радјард Киплинг.
Ако
Ако присебно си ладен кога сите други
паниката ја пишат на делата твои
а разбирачка имаш за сомнежни слуги
ама држиш до себе и ич не ги броиш;
ако, кога чекаш, не туфкаш и пцуеш
и не плукаш ни кога плукнат ти си;
и кога те мразат – злоба не те труе
ама сепак не се петелиш ко мисир;
Ако сон сонуваш – без роб да му станеш;
Ако мисла товиш – ама само како алат;
Ако победа и пораз умееш да сфанеш -
дека измамата иста во тебе ја палат;
Ако истрпиш кога подлец глупак лови
со вистина твоја во измамно руво;
Ил` кога животот кон бездна ти плови
а ти почнеш нов ко да си на суво;
Ако на куп собрано се`што си имаш
го ставиш под ножот на фрлен зар,
па, мртов ладен, загубата ја примаш
без протест и завист за туѓиот ќар;
Ако папсале срце, жила, нерв и маде
а умееш да ги стиснеш пак да дивеат
па наспроти билансот што ти е јаден
ќе можеш да викнеш:“Ќе преживеам!“;
Ако зла толпа смируваш без да ја молиш
а кај кралот си држиш смисол за хумор;
Ако за душман ни другар уво не те боли
а сепак те сакаат да си бидете кумој;
Ако полниш минута што без милост тропа
со шеесет мига долг пат што си минел -
твоја ќе е Земјата и без да си и` стопан -
и што е побитно – ќе станеш човек, ти сине!
(LubomirBocvarov 1 Август, 2007 – 17:07 |
on 24/01/2010 at 13:46 lupcobocvarov Said: # Браво за г. Боцваров! Имате извонреден вокабулар и умешност во стихување на сложени мисли во брза стапка и краток стих. … И пак браво. Гледам дека и значењето е препеано, т.е. мислата е прилагодена кон сопствениот сензитивитет, звучи многу помакедонски од мојот обид, а токму ова е за третото браво. (претпоставив дека е ваш препевот, така?) (Ана Пејчинова 1 Август, 2007 – 17:21 | логирај се за да пишуваш коментари) #Е па нели реков:“….. н а п р а в и в машки препев на “Ако“ од Радјард Киплинг.“(LubomirBocvarov 1 Август, 2007 – 17:28)
on 24/01/2010 at 13:55 strumjan Said:
Безименасоиме – повели повторно.
Љупчо Бочваров – уште да ни дадеше твоја рецитација или од некој друг интерпретирано, вака, милувал ти или не, ќе ја слушаме со Софија!
on 24/01/2010 at 14:01 Леонова Said: Благодарам Струмјан. Те излинкав на фб, морав :)
on 24/01/2010 at 14:14 lupcobocvarov Said: Рецитирам и рапувам само песни кои јас сум ги напишал.
on 29/07/2011 at 20:31 » Ако – превод: Ана Пејчинова Струмјан Said: [...] имав ставено еднаш, но еве сега Михаил Бошковски Мице ми ја прати музички [...]
Славете Го!
Дајте го Божиќ во декември!
16/04/2012
По 150 години изгледа само поглупави сме!
Уште многу работи во веста не се кажани, но за тоа може и некој посебен пост да бидне.
За вечерва само две:
1. Не се најде барем еден новинар ниту политичар да истакне, макар и да спомне, дека во црквата кардиналот Бозаниќ, испратен директно од Ватикан како папски претставник, целото обраќање го искажа на Македонски јазик, притоа употребувајќи го постојано само името Македонија, пред очите и ушите на многу светски но и од нашите соседи бискупи и свештени лица, меѓу кои и грчкиот бискуп, кој, патем речено, поканата за пристуство ја прифатил „со големо задоволство“ (негови зборови).
2. Не се најде ниту еден паметен, во сите преговори, договори, најмногу заговори, за спорот со Грција, пред тој голем, паметен и мудар свет кој ни ја крои судбината, да потсети, макар и да спомне, дека Ватикан со папски декрет од 2001 година назначи апостолски егзарх за Македонија (без никакви додавки, придавки, дури ни „република“ го нема!), функција која во моментов ја извршува Киро Стојанов. Да им кажеше некој на оние силни светски лидери, особено на тие кои се католици меѓу нив, дека нивниот врховен поглавар, оној кој е поважен од сите светски политики, ја признал Македонија! И, онака патемно, да ги потсети тие светски глави, дека правејќи нешто што е спротивно на одлуките на Ватикан е грев кој не би требало да си го дозволуваат.
(Објавено на 08.11.2009)
Коментари:
(Внукот 8 Ноември, 2009 - 23:15) Види, се работи за „неточна“ религија. Оттаму, што е важно што не’ сметаат за луѓе? Не ни биле браќа, така имам чуено. А „браќава“ што не’ отепаа милион пати од времето кога ни станаа „браќа“, па до денес.
Македонско: сè или ништо?!
Оттука произлегувало дека ќе сме се нарекувале „Северномакедонци“, што не ни се допаѓа. А кога нешто не ни се допаѓа, ние, како ербап народ, веднаш му наоѓаме решение.
Мудро ќе почнеме да го кратиме она „Северно“ и по година-две ќе си се нарекуваме „Сèмакедонци“!
Оф убавини, ќе си пукнат од мака соседите ни, особено јужните (замислете „Јумакедонци“
Арно ама... проблем ни прави меѓународното име. Што ако меѓународните испаднат поербап па скратат и тие?! Што ако од „NorthMacedonians“ си останеме „NoMacedonians“?!
А „Сè“ и „No“ не ќе да е исто!
Бати меѓународната, бати!
П.С. Ме заплетка во размислување Шарлот.
(Објавено на 24.10.2009)
Коментари:
(LupcoBocvarov 24 Октомври, 2009 - 10:11) Единствен начин да се покажеш ербап во замислената ситуација е да протестираш барајќи отпуст од државјанството на новоименуваната држава. Условите за отпуст се толку строги што тешко дека надлежниот орган било кога ќе прифати дека си ги исполнил. Ама ти си си го направил ќефот - си й плеснал на Владата в лице колку ти значи нејзиниот лукративен кукавичлук.
Најдемократската работа на свет...
ги притиска големите,(Објавено на 05.09.2009)
ги поткрева малите и
масата ја држи на купче.
Коментари:
(interpreter 5 Септември, 2009 - 22:31) море имаше добри прслуци таму кај што бевте денес?
Триипол милиони по човек!
Според информацијата им следува 50 литри гориво дневно, значи:
19*365=6935 денови
6935*50=346750 литри гориво секој
Ако автомобилите им трошеле просек по 10 литри на 100 километри тогаш имаат минато секој по 3467500 километри или скоро по триипол милиони километри секој!
Каде ги имаат минато толку километри сигурно си знаат, не им се мешам, ама ме интересира кои возила ги возат, оти ако им се истите се работи за светски рекорд во издржливост, па би сакал и јас едно такво.
Ако ги менувале автомобилите на секои сто илјади километри тогаш тоа е просек менување автомобил на секои 6 месеци, или сега го возат својот 35-ти автомобил.
Прашање:
Колкава колона од цистерни се триипол милиони литри гориво или, ако Ви е полесно, може и во танкери да ми кажете?
(Објавено на 09.08.2009)
Коментари:
(виолетова 9 Август, 2009 - 09:34) хаха, математикава :))))
Ќе се самоубиеме ама ќе преживееме!
Вранец Барик Обама
После оние Французине од Бордо правеа експерименти и утврдија оти 225 литарското буре е најтамам. Оти мало буре го нарекоа „барик“, а ние не им противречевме.
Што е финтата?
Токму во толкаво буре кога зрее виното ги прима најубаво, да не речам целосно, влијанијата од дрвото на бурето. Мешањето на аромите е целосно. Зреењето е комплетно. И тоа вино е она за кое важи поговорката колку постаро толку поубаво.
Не знам колку сум јасен, ако не е доволно читнете по нешто на нетов: тука и тука и тука.
Ама знам дека ќе ме разберете ако начекате шише „Вранец барик“ од Тиквеш.
Скокајте, бунете се оти и другите наши винарии имаат, ама колку да се знае: од сите увезени барик буриња во државава 6/7 (шест седмини) се во Тиквеш :)
Наздравје и крв да Ви се стори!
П.С. Некни, кога дојде ред да се служи „Вранец барик“ и кога енологот најави што се послужува, средовечната Американка, веќе под влијание на претходните пробани вина, забезекнато извика: Барак?! Обама?! Хиар?! Нау?!
По пробувањето утврди дека сепак требала да гласа за „Барик Вранец“ :)
(Објавено на 05.07.2009)
Коментари:
(partik1 6 Јули, 2009 - 00:57) Си можел да ја линкуваш средовечната Американка, ја имам со ќерка и’ фатено на кадро на блогспот. Еве: http://lpartikov.blogspot.com/2009/06/blog-post_29.html
02/04/2012
Средба со Николина Пишек во Тиквеш
Беше толку фина што ми дозволи да ги дегустирам сите нејзини делови.
Најпрвин лелеавата коса, полна свежина и мечти – Александрија Куве (Alexandria Cuvee) бело.
Потоа торзото мазно, копнежливо, просто лизга под јазик – Александрија Куве (Alexandria Cuvee) црвено.
И најпосле нозете, женствени и нежни, цветномирисни и благо опивни – Александрија Куве (Alexandria Cuvee) розе.
Не, не вреди да ви раскажувам – пробајте за да ја дознаете вистината.
П.С. „Тиквеш“ ме нагости и од срце му благодарам што ми покажа дека нешто што го имав видено само на филм постои и кај нас и што ми докажа дека „мастадонтот од едно време“ сега има толку многу човечност во себе. Веројатно тоа се должи на мудро одбраните негови репрезенти. Благодарам!
(Објавено на 28.06.2009)
Коментари:
(INSOMNIA... 28 Јуни, 2009 - 23:38) Ме радува што сте поминале убаво. Од оправдани причини не можев да дојдам, а ме покани Оксиморон. Верувам дека сте поминале убаво Струмјан. Поздрав до тебе, до Оксиморон и сите што биле.
01/04/2012
Таму ли сме поитале?
(Објавено на 09.05.2008)
Коментари:
(виолетова 9 Мај, 2008 - 08:36) од пристојност да бидат хомосексуалци? хаха
27/03/2012
Трето дете?!
Мал ми е за мене, но голем е за државата!
Се прашува ли народот кога се самоубива МРТ?!
Дека тоа значи намалување на бројот на вработените, и тоа го знаат.
Дека некои сегменти од МРТ, поради немање доволно средства, ќе згаснат, ај да речеме дека и тоа го знаат и разбираат.
Но, ниту на врапчињата не им е јасно како тоа во 21 век МРТ ќе ја затвори својата веб страница!
Можеби и Вам не Ви се верува, но само отворете ја http://mrt.com.mk и ќе видите дека последната поставена вест е од 29 јануари 2008.
Тој ден на МРТ и беа исклучени телефоните и интернетот поради неплатени сметки. Од тој ден се бараат начини како да профункционираа нормално дотурот на вести за редакциите во МРТ. И, како-така, се изнајде некакво решение, па редакциите почнаа да добиваат информации. Дури се изнајде некое решение и за пристап до интернет. Но, верувале или не, интернет пристап за оделението кое ја подготвува веб-страницата не се изнајде до мигов кога го пишувам писмово!
Иако секојдневно се ветува решение, сепак, конечно осамнува решението дека одделението кое ја подготвува веб-страницата нема да постои.
Токму така. Нема да постои!
Барем за некое време тоа значи дека и веб-страницата на МРТ нема да постои. Наместо да се развива и расте, таа нема да постои!
Помалку битно е што луѓето кои таму работат се принудени да си одат.
Побитно е што МРТ си извршува интернет-самоубиство.
Најбитно е што никој, ама баш НИКОЈ изгледа, не се сетил дека веб-страницата на јавниот радиодифузен сервис е исто така јавна сопственост.
Кој тоа го прашал народот или решил во негово име да му ја укинува-затвора сопственоста?